Sport1242 vijesti
SportДе ла Фуенте добива нов договор до 2030 година
Шпанската фудбалска федерација сака да ја продолжи успешната приказна со Луис де ла Фуенте и веќе започна преговори за продолжување на договорот со селекторот. Актуелниот договор на 65-годишниот стратег е со важност до 2028 година, но по историскиот успех на Светското првенство, челниците на федерацијата сакаат соработката да продолжи најмалку до 2030 година. Токму тогаш Шпанија, заедно со Португалија и Мароко, ќе биде домаќин на Мундијалот. Шпанците веќе гледаат кон Мундијалот во 2030 година, кој ќе има посебно значење за земјата поради улогата на домаќин. Желбата е репрезентацијата да го брани трофејот пред домашната публика, а федерацијата не крие ниту една дополнителна амбиција – финалето да се одигра во Мадрид.
РК Вардар е прв финалист на турнирот „Крсте Андоновски“
Актуелниот македонски ракометен првак одигра доста неизвесен натпревар против Тримо Требње за пласман во финалето на турнирот „Крсте Андоновски“, кој се одржува во Охрид. Избраниците на Иван Чупиќ беа подобри со 28-26 и се пласираа во финалето на турнирот. Гогов запиша 13 одбрани, додека Да Силва имаше шест погодоци, еден помалку постигна Љевар.
SportПМФЛ: Брегалница го совлада Башкими
Брегалница го совлада Башкими со 3:0 вечерва во Штип, во меч од 4.коло во новата 2026/27 сезона во ПМФЛ. Втор меч и втора убедлива победа за четата на стратегот Никола Кузманов на свој терен. Стрелци за Брегалница беа Глигоров во 23.минута и во 72.минута, како и Калпачки во 56.минута. По овој меч кумановци и натаму се без постигнат гол, без освоен бод со гол – разлика 0:15.
Sport(ФОТО) Верувајте во себе и натпреварувајте се витешки, порака од Сиљановска-Давкова до македонските спортисти на Медитеранските игри
Претседателката ги охрабрила натпреварувачите да веруваат во сопствените можности и да го дадат максимумот, нагласувајќи дека победата... The post (ФОТО) Верувајте во себе и натпреварувајте се витешки, порака од Сиљановска-Давкова до македонските спортисти на Медитеранските игри appeared first on 360 степени.
SportПФЛ: По еден бод за Скопје и Тиквеш
Првиот натпревар од 4.то коло од Првата фудбалска лига меѓу Скопје и Тиквеш одигран попладнево заврши без победник 1:1. Домашниот тим дојде до водство во 34.минута со голот на Антонио Божиноски, а гостите изедначија во 70.минута од пенал преку Н’Фали Сила. За Скопје ова е втор бод, додека Тиквеш има седум. Вториот дуел од денешната програма меѓу Брегалница – Башкими е во тек. Утре се игра дуелот Шкендија Арачиново и Арсими (почеток 16:30 часот). Колото ќе биде комплетирано во понеделник со натпреварите меѓу Вардар и Силекс (почеток 17 часот) и Шкендија Тетово – Струга Трим Лум (почеток 19 часот).
SportПаредес доби драконска казна од ФИФА за хаосот по финалето на Мундијалот
ФИФА изрече казни за големиот инцидент што се случи по финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина, а најлошо помина Леандро Паредес. Аргентинскиот играч за врска доби суспензија од дури 10 натпревари и парична казна од 90.000 долари поради неговата улога во хаосот што настана по последниот свиреж во... Текстот Паредес доби драконска казна од ФИФА за хаосот по финалето на Мундијалот е превземен од А1он.
SportДоминик Ливаковиќ е нов член на Барселона.
Доминик Ливаковиќ е нов член на Барселона. Оваа информација ја пренесоа најрелевантните медиуми што ги следат настаните на фудбалскиот пазар. Каталонскиот „Спорт“ беше убедливо најпрецизен во презентирањето на деталите за трансферот, откривајќи дека Барселона сега бара клуб каде Ливаковиќ ќе ја помине сезоната што е можно подобро за да се врати на Камп Ноу следното лето. Овој потег одразува јасна стратегија на Барселона. Следното лето, опремата на каталонските гиганти ќе биде ослободена од долгови од страна на Војчех Шчесни, а Ливаковиќ ќе пристигне на местото на Полјакот.
SportШахтјор Доњецк ќе ги игра натпреварите од ЛШ на стадионот на Челси
Фудбалерите на Шахтјор од Доњецк успеаја да ја освојат титулата шампион на Украина, прeстигнувајќи го тимот од Черкаси во самата завршница. Титулата им обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите за следната сезона. Поради нестабилната политичка ситуација и конфликтите во земјата, популарните „рудари“ натпреварите од елитното натпреварување ќе ги играат... Текстот Шахтјор Доњецк ќе ги игра натпреварите од ЛШ на стадионот на Челси е превземен од А1он.
SportУЕФА и Конкакаф преговараат за заедничка Лига на нации
Европската фудбалска федерација (УЕФА) започнала почетни преговори со колегите од Конкакаф за формирање на заедничка Лига на нации, која би почнала со прво издание во 2028 година. УЕФА и Конкакаф веќе му направија сериозен притисок на првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, од кого бараат повлекување од позицијата по контроверзниот проект за продажба на правата на светските првенства на приватни инвеститори, а сега можат да ја прошират соработката и со заедничка Лига на нации. Проектот на УЕФА и Конкакаф е интересен бидејќи подразбира дека сите 96 репрезентации од Европа, односно Северна и Централна Америка и карипските земји би играле во заедничко натпреварување, кое исто така би било поделено во различни подлиги. Заедничката Лига на нации би имала и нокаут фаза и фајнл-фор завршница, а во А лигата на почетокот би играле репрезентациите со највисок рејтинг во двете конфедерации. Овој проект би донел и поголеми приходи за сите учесници, посебно за помалите репрезентации, а задоволни ќе бидат и тие како Мексико. Федерацијата на оваа земја е незадоволна од лимитираноста поради настапот во Конкакаф зоната и веќе најави дека ќе бара прием во Конмебол.
SportСиљановска-Давкова: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки
Спортот е повеќе од натпревар за резултат, тој е школа за формирање на цврст карактер преку преземање одговорност и вежбање истрајност, им порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на македонските спортисти кои учествуваат на 20. Медитерански игри, при денешната посета на Медитеранското (олимписко) село во Таранто, Италија. Посакувајќи им успех на сите натпревари, информираат од Кабинетот Сиљановска-Давкова, претседателката им рече да веруваат во себе и преку витешка игра да ја манифестираат македонската спортска енергија на големата медитеранска спортска сцена. Според неа, преку спортот се обликува и негува не само личниот, туку и колективниот и националниот идентитет. Спортските резултати и успеси, напомена таа, го јакнат единството на младите, надминувајќи ги разликите. Таранто, како спортски мегдан деновиве, смета таа, ќе биде место на коешто нашите спортисти имаат шанса достоинствено да ја претставуваат државата. Претседателката ги охрабри натпреварувачите да веруваат во сопствените можности и да го дадат максимумот, нагласувајќи дека победата е највредна кога е извојувана во фер борба. Сиљановска-Давкова ги охрабри македонските спортисти на големата меѓународна сцена да ја покажат препознатливата македонска спортска сила, нескротливата борбеност и нескршливиот дух. Медитеранските игри овозможуваат промоција на вистински вредности преку спортска дипломатија, верува претседателката. Претставниците на Олимпискиот комитет ја информираа претседателката дека ова е четврто учество на…
SportЧервар: Секогаш работиме за да бидеме подобри од вчера
Пред РК Е.Пелистее се предизвиците во Регионалната лига, а најава за она што следува даде тренерот на Битолчани Лино Червар. „Навистина ова е едно семејство, во кое е младата екипа покрај сениорите. Ние работевме многу, чекаме вистински натпревари. Веќе в недела ни доаѓа Партизан тука, можеби за нас е прерано, ама ќе се обидеме да се спротивставиме. Задоволен сум што на тестот против Еурофарм Пелистер 2 дојдоа доста навивачи, беа наша поддршка. На нас е да го оправдаме тоа и низ сите натпревари да покажеме волја и желба. Момците се вредни, ама секогаш се обидуваме да бидеме подобри од вчера. Без амбиции нема ништо, потребно е многу ентузијазам, страст и енергија“ изјави Червар. Пелистерци в недела ќе го дочекаат Партизан на Раул Гонзалез, а потоа ќе играат против Ловќен и Дубочица до крајот на месецот.
SportЗа Тони Крос нема дилеми кој треба да ја добие “Златната топка“: Тој во моментов е најдобар во светот!(ФОТО)
ФОТО: Real Madrid FC/X Доделувањето на “Златната топка“ ќе се одржи на 26 октомври во Париз, а во претходните недели се водеше голема полемика околу тоа кој ќе ја освои. Минатата година, наградата за најдобар играч во светот заслужено