Sport1241 vijesti
Милан Лазаревски се враќа на ракометните терени
Македонскиот ракометен репрезентативец, Милан Лазаревски е подготовен да се врати на терените. Поради повреда на рамото, вардаровиот пикер беше надвор од терените. Лазаревски успешно ја заврши рехабилитацијата, на голема среќа не станува збор за нешто посериозно. Тој поради истиот проблем претходно една година беше надвор од терените.
SportНикола Караколев потпиша за Соколи Штип
Соколи Штип продолжува со создавање на на респектабилен ростер. Во својот состав тренерот Марјан Србиновски го додаде и Никола Караколев, кој ќе ја има улогата на капитен. „Со своето огромно искуство, лидерски дух и безрезервна борбеност, капитенот Никола Караколев ќе го предводи нашиот нов тим и во претстојната сезона! Подготвен за новите предизвици и максимално мотивиран, тој ветува дека екипата ќе се бори за секоја топка, секој поен и секоја победа – до самиот крај! Капитенот и неговите соиграчи ја очекуваат и поддршката од трибините, затоа што најверната публика отсекогаш била и ќе остане нашиот незаменлив шести играч“, се вели во известувањето на Соколи Штип.
SportКлеј Томпсон го напушти Далас и се сели во Мајами
Клеј Томпсон ја заврши својата кратка епизода во Далас и кариерата ќе ја продолжи во Мајами. Искусниот шутер постигна договор со Маверикс за раскин на соработката, по што ќе се пресели во редовите на Хит. Според НБА-инсајдерот Шемс Чаранија, Мајами одамна бил заинтересиран за 36-годишниот кошаркар и сега конечно успеал да го обезбеди неговиот потпис. Томпсон во Далас пристигна во 2024 година, но по две сезони двете страни решија да ја прекинат соработката. Минатата сезона тој бележеше просек од 11,7 поени, 2,1 скок и 1,4 асистенции за 21,7 минути на натпревар, со 38,3 проценти реализација за три поени.
SportАртур Мело и Матија Перон заминуваат од Јувентус
Артур Мело дефинитивно е потврден како поранешен играч на Јувентус, откако претходно стана големо трансфер промашување за кое италијанскиот клуб и плати на Барселона 70 милиони евра. Бразилецот одигра само 63 натпревари за Јуве, клубот за него потроши околу 100 милиони евра, а последните сезони играше на заем во други клубови. Тој одигра само 63 натпревари за Јуве, клубот за него потроши околу 100 милиони евра, а последните сезони играше на заем во други клубови. Пред заминување е и Матија Перин, но во случајов како трансфер, а најблиску до неговиот потпис е Палермо.
SportЖозе Мурињо потпиша уште еден фудбалер
Жозе Мурињо по пауза од 13 години повторно седна на клупата на Реал Мадрид Португалецот потенцираше дека едвај чека да започнат возбудувањата во првенството. „Се заморив од пријателски натпревари, сакам да започне она вистинското, натпреварувачкиот дел. Никој не го сака фудбалот поради пријателските средби „Еспањол има одличен тим и сигурно имаат амбиции за утрешниот меч против нас. Ние влегуваме фокусирано, смирено, опуштено. Подготвени сме за овој дуел. Задоволен сум од екипата која ја имам. Не чувствувам притисок, само адреналин“, рече Мурињо, а потоа додаде кој фудбалер не е во неговите комбинации. "Ендрик? Тој нема да игра против Еспањол. Од останатите играчи се знаеше од порано дека Милитао, Менди и Родриго подолго време се надвор од редовите. Останатите се добри и подготвени се за игра“, реферираше Мурињо во пресрет на гостувањето во Барселона.
SportМанчестер Јунајтед го купи Кристијан Балеба
Манчестер Јунајтед потпиша уште еден фудбалер во летниот преоден рок. Според експертот за трансфери Фабрицио Романо, Црвените Ѓаволи постигнаа договор со Брајтон за потпис со Карлос Балебан, камерунец играч од средниот ред роден во 2004 година, за да се приклучи на тимот на Мајкл Керик. Денес, всушност, клубот од Манчестер даде понуда повисока од претходната, која беше 75 милиони евра. За вкупен износ од над 81 милион евра. Балеба (22) се разделува од Брајтон по три години и вкупно 112 настапи и четири гола.
Неверојатен кам-бек на ГРК Охрид за ново финале против Вардар
Неверојатен меч во СЦ “Билјанини извори“ во битката за финале на турнирот „Крсте Андоновски“. Загреб водеше и со пет гола разлика, но Охрид успеа да се врати и да дојде до само еден гол негатива во последните две минути, а потоа на крилата на Славиќ и Ѓукиќ конечно и да се избори за реми 30-30 […]
SportАрсенал ја отвори сезоната во шампионски стил, Ковентри немаше шанси на „Емирати“!
Фото: ФЦ Арсенал/Фејсбук Арсенал го победи Ковентри со 3:0 во првото коло од новата сезона во Премиер лигата. Прашањето за победникот го решија Каи Хаверц, Букајо Сака и Мартин Одегард, додека гостите не упатија ниту еден удар во рамки
SportСвечено отворени Медитеранските игри, Георгиевски и Миленкоска знаменосци на Македонија
Со церемонијата на свеченото отворање вечерва во Таранто беа отворени 20.те Медитерански игри што се одржуваат во италијанскиот град Таранто. На овие Игри македонскиот спортски тим го има четвртото учество, а сега има и најбројна делегација составена од 88 спортисти. Знаменосци на Свеченото отворање на македонското знаме беа Леона Миленкоска (капитен на ракометната репрезентација) и Дејан Георгиевски освојувач на медали на Медитеранските игри (сребро во Тарагона 2018 и бронза во Оран 2022). Македонските спортисти досега на трите учества имаат освоено вкупно 14 медал. Натпреварите 33-те спортови ќе се одржуваат до 3.септември кога на програмата се последните дисциплини. На Свеченото отворање присуствуваше и претседателката Гордана Силјановска-Давкова. (МИА)
SportБрегалница со три гола дојде до трите бода против Башкими
Фудбалерите на Брегалница ја постигнаа втората победа во првенството откако на домашен терен го совлада Башкими со 3:0. Брегалница поведе со голот на Иван Глигоров во 22.минута, а воедно тоа беше резултат и на полувремето. На 2:0 зголеми Давид Калпачки во 56.минута, а конечните 3:0 ги постави повторно Глигоров што беше втор гол на натпреварот […] The post Брегалница со три гола дојде до трите бода против Башкими appeared first on Република.
SportРиера донесе шпански дух во Белград
Колку доби Црвена звезда со Алберто Ријер? По само седум дена и огромниот шок предизвикан од испаѓањето од квалификациите за Лигата на шампионите. На прв поглед многу! Но, како што самиот Шпанец рече на вчерашната конференција, има многу фантастични играчи и материјал за уште поголеми цели. Нема еуфорија кај него, и покрај големата и убедлива […] The post Риера донесе шпански дух во Белград appeared first on Република.
SportДе ла Фуенте добива нов договор до 2030 година
Шпанската фудбалска федерација сака да ја продолжи успешната приказна со Луис де ла Фуенте и веќе започна преговори за продолжување на договорот со селекторот. Актуелниот договор на 65-годишниот стратег е со важност до 2028 година, но по историскиот успех на Светското првенство, челниците на федерацијата сакаат соработката да продолжи најмалку до 2030 година. Токму тогаш Шпанија, заедно со Португалија и Мароко, ќе биде домаќин на Мундијалот. Шпанците веќе гледаат кон Мундијалот во 2030 година, кој ќе има посебно значење за земјата поради улогата на домаќин. Желбата е репрезентацијата да го брани трофејот пред домашната публика, а федерацијата не крие ниту една дополнителна амбиција – финалето да се одигра во Мадрид.