Свечено отворени Медитеранските игри, Георгиевски и Миленкоска знаменосци на Македонија

Со церемонијата на свеченото отворање вечерва во Таранто беа отворени 20.те Медитерански игри што се одржуваат во италијанскиот град Таранто. На овие Игри македонскиот спортски тим го има четвртото учество, а сега има и најбројна делегација составена од 88 спортисти. Знаменосци на Свеченото отворање на македонското знаме беа Леона Миленкоска (капитен на ракометната репрезентација) и Дејан Георгиевски освојувач на медали на Медитеранските игри (сребро во Тарагона 2018 и бронза во Оран 2022). Македонските спортисти досега на трите учества имаат освоено вкупно 14 медал. Натпреварите 33-те спортови ќе се одржуваат до 3.септември кога на програмата се последните дисциплини. На Свеченото отворање присуствуваше и претседателката Гордана Силјановска-Давкова. (МИА)


