Region255 vijesti
RegionВИДЕО: Охридското Езеро порибено со два милиони пастрмка коран
Два милиони пастрмка коран беа пуштени овој викенд во Охридското Езеро, кај Поградец, Албанија, како дел од иницијативите за збогатување на водната фауна и заштита на овој ендемски вид од особено значење за екосистемот и економијата на областа - објави Општина Поградец. - Тоа е во рамките на Фестивалот на коранот, активност што сега стана традиција за градот Поградец и која ги комбинира промоцијата на биодиверзитетот, рибарската традиција и локалната гастрономија - стои во објавата. Заменик-министерот за земјоделство и рурален развој Арјан Јауплари изјави дека оваа година се пуштени два милиони коран во водите на езерото истакнувајќи ја важноста од продолжување на оваа иницијатива во иднина. - Иста ваква акција е најавена и од македонска страна, што значи продолжување со збогатување на водите на Охридското Езеро, со цел да се заштити и збогати биодиверзитетот на езерото што се наоѓа помеѓу нашите две земји - рече тој. Општина Поградец сподели моменти од активностите организирани во рамките на Фестивалот на коранот, каде што претставници на рибарското здружение во Поградец изразија оптимизам за резултатите од оваа иницијатива нагласувајќи дека порибувањето имало позитивни ефекти врз зголемувањето на рибниот фонд. Како дел од прославата, на шеталиштето покрај езерото беше промовирана и традиционалната гастрономија на Поградец…
Region„Сан“: Албанците најбројни странци во британските затвори
Во последните три години, само 13 албански затвореници се префрлени од британските во албанските затвори, за да продолжат да ги издржуваат своите казни, иако договорениот трансфер предвидува 200 лица. Весникот „Сан он Сандеј“, на кој се повикува Топ ченел , посветил статија на ова прашање, наведувајќи дека „договорот вреден 8 милиони фунти, меѓу британската и албанската влада, имал за цел трансфер на 200 затвореници“. Но, според овој весник, извори од Министерството за правда во Тирана изјавиле дека „овозможен е трансфер само на 13 лица“. Овој мал број е резултат на одложувањата од страна на албанските судови, кои мора да ја признаат одлуката издадена од британските судови, за секој затвореник што издржува повеќе од четири години затвор кога аплицираат за трансфер. -Еден затвореник Англија ја чини 56.000 фунти годишно. Албанските затвореници во Британија , во последните седум години, сочинуваат најголем број затвореници од странска националност, пишува „Сан“. Моментално, во англиските затвори има 940 Албанци, главно осудени за вмешаност во продажба на кокаин или подигање фарми за канабис.
RegionСЕ ЗАКАНИ ЛИ „УЧК“? - Немири во Македонија и регионот ако Хаг ги осуди командантите
Командантот на поранешната УЧК, Насим Харадинај, изјави дека верува оти ситуацијата во Косово, Албанија и Македонија ќе ескалира ако Специјализираниот совет во Хаг ги осуди водачите на УЧК на 16 септември, објавува...
RegionНоќните температури во Атина синоќа достигнаа и до 33 степени
Топлотниот бран што ја зафати Грција донесе високи ноќни температури во областа Атика, поширокиот регион на Атина, што во одредени делови, синоќа, кусо пред полноќ достигнаа и до 32-33 степени - јави дописничката на МИА од Атина. Според податоците од метеоролошката служба „Метео“ на Националната опсерваторија во Атина, високите ноќни температури во комбинација со високата влажност на воздухот во грчката метропола создадоа услови на спарнина и жештина. Мапата што ја објави „Метео“ покажува дека во 23.45 часот во повеќе делови на пошироката област Атика температурата била над 30 степени. Топлотниот бран во Грција, според прогнозите, се очекува да продолжи и во следните денови, а за денеска, поради високите температури и многу високата опасност од пожари, областа Атика и уште 11 други региони, односно делови од централна Грција и Евија, Кикладските Острови и островите во северниот дел на Егејското Море се во состојба на мобилизација - Red Code (црвен код). Од Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција информираа дека при состојба на мобилизација (Red Code) „националниот механизам се става во целосна готовност, со активирање и распоредување на потребниот човечки потенцијал, како и материјални средства и опрема соодветни на потребите“, со цел навремено справување со вонредни состојби. (МИА)
RegionГрабеж во Белград – од куќа украден сеф со злато и 400.000 евра
Невообичаен и добро испланиран грабеж се случи во една белградска населба, кога непознат провалник влезе во приватна куќа и однесе сеф со огромна сума пари и вредни предмети, пишува „Telegraf.rs“. На 21 август, сопственикот на куќата доживеа вистински шок кога се врати дома и ја затекна вратата скршена. Веднаш повика... Текстот Грабеж во Белград – од куќа украден сеф со злато и 400.000 евра е превземен од А1он.
RegionЕ. Пелистер до победа над Партизан
E. Пелистер со победа над српскиот шампион Партизан го почна својот настап во Регионалната ракометна лига. Пред домашната публика а предводени од капитенот Филип Кузмановски, Пелистер го победи Партизан со 35:31. Е. Пелистер замина на одмор со предност од 20:13, а најголемата разлика на мечот изнесуваше водење од 8 гола предност (23:15, 24:16 и 25:17) во текот на второто полувреме. Партизан во финишот успеа само да ја намали негативата преку Вагнер и Лумбросо, но победата на домаќините ниту во еден момент не беше доведена во прашање. Филип Кузмановски беше одличен со 15 гола, додека Граховац и Хенигман додадоа по четири погодоци. Кај Партизан најефикасен беше Вагнер со 10 постигнати голови.
RegionПочина човек на Ада Циганлија во Белград
На Ада Циганлија во Белград се случи трагедија. Според неофицијални информации од теренот, на еден од капачите во вода му се слоши додека пливаше, пренесуваат белградските медиуми. Тој претходно доплива до пловката, по што почувствува здравствени тегоби и изгуби свест во водата. Набрзо потоа на местото пристигнаа две екипи на... Текстот Почина човек на Ада Циганлија во Белград е превземен од А1он.
Region(ВИДЕО) Уапсен е човекот кој со автомобил газеше луѓе на коњски трки во БиХ
Полицијата го уапси Жељко Вујовиќ, кој се сомничи за обид за убиство за време на коњски трки во селото Бијељани кај Билеќе (БиХ). Заедно со Вујовиќ е уапсен и Мирко Самарџиќ, кој, според полицијата, побегна со него по инцидентот. По завршувањето на криминалистичката истрага, двајцата ќе бидат предадени во надлежност... Текстот (ВИДЕО) Уапсен е човекот кој со автомобил газеше луѓе на коњски трки во БиХ е превземен од А1он.
RegionПратеници на Алијансата за иднината на Косово истурија јаглен пред Владата во Приштина, незадоволни од енергетската и политичката ситуација
Пратеници на Алијансата за иднината на Косово (ААК) денеска истурија јаглен пред влезот во зградата на Владата во Приштина, изразувајќи го своето незадоволство од енергетската ситуација и оценувајќи дека освен во енергетски, Косово е и во политички мрак. Пратеникот на Алијансата, Бурим Рамадани, рече дека во последните години Косово преминало од енергетски мрак во ситуација што тој ја смета за политички мрак. - Со Курти и Самоопределување, Косово беше во енергетски мрак во последните шест или седум години, што ја држеше земјата во таа состојба, а сега се движи во политички мрак, рече Рамадани. Тој посочи дека симболиката на јагленот има врска со подземните ресурси на Косово, критикувајќи го недостатокот на инвестиции во енергетскиот сектор и купувањето електрична енергија од странство. - Пораката и симболиката на јагленот, е дека Косово лежи на јаглен, но електрична енергија не се произведува, рече Рамадани. Според него, во изминатите години, околу милијарда евра се потрошени за купување електрична енергија од Србија и други земји, обвинувајќи дека од оваа ситуација профитирала „енергетската мафија“.
RegionЗемјотрес во Хрватска
Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран во близина на Сплит, соопшти Хрватската сеизмолошка служба. Земјотресот е забележан во 12:24 часот, со епицентар на 30 километри северно од Сплит. Набрзо потоа, во 12:37 часот, е забележан нов земјотрес со јачина од два степена според Рихтеровата скала.... Текстот Земјотрес во Хрватска е превземен од А1он.
RegionПеткоска: Македонските аеродроми најбрзорастечки во регионот, за седум месеци 2,4 милиони патници на аеродромите во Скопје и Охрид
Македонските аеродроми се најбрзо растечки во регионот, а цивилниот воздушен сообраќај бележи силен и континуиран раст. Резултатите во првите седум месеци од 2026 година се јасна потврда дека Македонија станува сè по посакувана дестинација и подобро поврзана со Европа и светот, истакна денеска на прес конференција Лидија Петкоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Во периодот јануари до јули 2026 година, двата македонски аеродроми опслужиле вкупно 2.414.892 патници, наспроти 1.879.195 во истиот период минатата година, што се 535.697 патници повеќе. Додека во истиот период реализирани се 16.280 летови, што во споредба со 14.985 во 2025 година, претставува зголемување од 1.295 летови. Особено значајни се резултатите во текот на јули, кој донесе историски достигнувања и на двата македонски аеродроми. Меѓународниот аеродром Скопје го имаше својот рекорден месец во историјата, со 408.925 опслужени патници, што претставува раст од 29,5% во однос на истиот месец минатата година. Во текот на месецот реализирани се 2.670 летови, а на 20 јули е поставен рекорд од 101 реализиран лет во еден ден, додека на 31 јули, пак, преку скопскиот аеродром патувале повеќе од 16.000 патници. Бројот на опслужени патници на скопскиот аеродром од јануари до јули е 2.239.811, наспроти 1.738.378 во истиот период во 2025 година. Историски резултати бележи…
RegionУбиена е 45-годишна жена пред станот на нејзината ќерка во Атина, убиецот сам си пресуди
Жена и маж, по потекло од Албанија, рано утринава се пронајдени мртви во станбена зграда во населбата Неа Смирни во Атина, а надлежните го третираат случајот како убиство и самоубиство. Според последните информации, мажот ја чекаше 45-годишната жена во заседа, пукаше во неа и ја уби, а потоа изврши самоубиство.... Текстот Убиена е 45-годишна жена пред станот на нејзината ќерка во Атина, убиецот сам си пресуди е превземен од А1он.