klik.world
Region Sjeverna Makedonija

Е. Пелистер до победа над Партизан

Е. Пелистер до победа над Партизан
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·23. 08. 2026. 18:31:40

E. Пелистер со победа над српскиот шампион Партизан го почна својот настап во Регионалната ракометна лига. Пред домашната публика а предводени од капитенот Филип Кузмановски, Пелистер го победи Партизан со 35:31. Е. Пелистер замина на одмор со предност од 20:13, а најголемата разлика на мечот изнесуваше водење од 8 гола предност (23:15, 24:16 и 25:17) во текот на второто полувреме. Партизан во финишот успеа само да ја намали негативата преку Вагнер и Лумбросо, но победата на домаќините ниту во еден момент не беше доведена во прашање. Филип Кузмановски беше одличен со 15 гола, додека Граховац и Хенигман додадоа по четири погодоци. Кај Партизан најефикасен беше Вагнер со 10 постигнати голови.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti