Region268 vijesti
RegionВучиќ по средбата со Зеленски: Србија има мали шанси брзо да се приклучи на ЕУ
Српскиот претседател Александар Вучиќ, по средбата со својот украински колега Володимир Зеленски и потпишувањето на Меморандумот за разбирање во областа на земјоделството, изјави дека нивото на трговска размена меѓу Србија и Украина значително се зголемило и дека се надева дека соработката ќе биде уште подобра, јавува Н1. Вучиќ повтори дека Србија го поддржува територијалниот интегритет … Вучиќ по средбата со Зеленски: Србија има мали шанси брзо да се приклучи на ЕУ Read More » The post Вучиќ по средбата со Зеленски: Србија има мали шанси брзо да се приклучи на ЕУ appeared first on Слободен печат.
Region(ВИДЕО) Инцидент во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше јајца кон Курти
Констутитивната седница на Собранието на Косово повторно беше прекината откако лидерот на движењето Самоопределување Албин Курти повторно побара дополнително време за разговори со партиските лидери за изборот на претседател. Ова предизвика незадоволство кај пратениците, а додека Курти одеше од говорницата кон своето место, пратеничката на Алијанса за Косово, Тиме Кадријај,... Текстот (ВИДЕО) Инцидент во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше јајца кон Курти е превземен од А1он.
RegionВучиќ и Зеленски се обратија пред медиумите: „Ќе продолжиме да водиме принципиелна политика“
Српскиот претседател Александар Вучиќ и украинскиот претседател Володимир Зеленски се обратија пред медиумите по средбата меѓу двајцата лидери. По потпишувањето на важни меморандуми, Вучиќ и Зеленски се обратија пред јавноста, при што Вучиќ изрази големо задоволство што Србија имаше можност да биде домаќин на украинскиот претседател. „Разговаравме за различни теми,... Текстот Вучиќ и Зеленски се обратија пред медиумите: „Ќе продолжиме да водиме принципиелна политика“ е превземен од А1он.
RegionСудир на два воза во Хрватска, има повредени
Во 10.05 часот наутро, се случил судир помеѓу товарен воз на ХЖ Карго и патнички воз на ХЖ, во сударот има повредени неколку лица, а со најтешки повреди е машиновозачот на еден од возовите, јавуваат хрватските медиуми. Од Хрватски железници објавија детали за несреќата. „Денес во 10.05 часот, на линијата помеѓу станиците Свети Иван Жабно … Судир на два воза во Хрватска, има повредени Read More » The post Судир на два воза во Хрватска, има повредени appeared first on Слободен печат.
RegionВо Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички кое превезувало пилиња
Комбе со македонски регистарски таблички се запалило утрово во близина на патот што води кон Кемиштај, кај Љушња, Албанија. Возилото превезувало товар со пилиња од Македонија. Возачот на комбето го забележал пожарот откако излегол од автопатот и свртел кон Кемиштај. – По добивањето на известувањето, противпожарната служба на Лушња брзо пристигна на местото на настанот, … Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички кое превезувало пилиња Read More » The post Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички кое превезувало пилиња appeared first on Слободен печат.
RegionЖелезничка несреќа во Хрватска: Со хеликоптер се превезуваат повредените во болница
Во 10:05 товарен воз на ХЖ Карго и патнички воз на ХЖ се судрија помеѓу станиците Свети Иван Жабно – Градец во близина на Бјеловар. Според првичните информации, неколку лица се повредени. Полицијата и амбулантните возила се на местото на настанот. Линијата моментално е затворена за сообраќај. „Возот тргна од... Текстот Железничка несреќа во Хрватска: Со хеликоптер се превезуваат повредените во болница е превземен од А1он.
RegionФОТО + ВИДЕО | НОВ УДАР ВРЗ КИЕВСКИОТ РЕГИОН - Тројца загинаа, меѓу нив и дете
Киевскиот регион повторно беше цел на руски ракетен напад. Најмалку тројца луѓе загинаа, меѓу кои и дете, откако балистички проектили рано утринава погодија подрачја источно од Киев. Силни експлозии одекнаа во регионот, а според властите, во нападот биле зафатени станбени објекти, автомобили и гаражи....
RegionОтворена за сообраќај уште една делница од патот Елбасан-Ќафасан
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека е пуштена за сообраќај уште една делница од автопатот Елбасан- Граничен премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, кај Струга и дека работите продолжуваат со брзо темпо. Станува збор за делницата помеѓу селата Лабинот-Фуш до крајот на селото Мирак, и е втора делница која може да се користи, по онаа којашто беше пуштена за сообраќај во јуни пред две години. [facebook_post url="https://www.facebook.com/reel/1695284438441565"] - Отворањето на овој сегмент го подобрува сообраќајот, ја зголемува безбедноста на патиштата, го скратува времето на патување и го олеснува транспортот на граѓани и стоки - напиша Рама во објава на социјалните мрежи, АТА. Патниот сегмент Ќафасан – Елбасан, кој е дел од коридорот VIII, е од категоријата Б, во должина од 50,12 километри, се гради според стандарди за современ автопат, со две коловозни ленти во секоја насока, централен разделен појас, мостови, тунели и заштитни објекти покрај реката Шкумбин. По завршувањето на проектот ќе може да се вози со брзина до 110 километри на час, а патувањето меѓу Елбасан и Ќафасан треба да се скрати на околу 30 минути, наспроти над час и половина, колку што претходно беше потребно. Коридор 8 се протега од пристаништето Бари во Италија до пристаништата Варна…
RegionНови сообраќајни мерки во Подгорица: Забрана за ноќно возење до 21 година и казни до 400 евра за тротинети
Во Црна Гора денеска стапија во сила измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, со кои се воведуваат построги правила за младите возачи и корисниците на електрични тротинети, повисоки казни и проширени овластувања на полицијата и општинските служби, јави агенцијата МИНА. Една од најзначајните измени се однесува на возачите на возраст од 18 до 21 година. Тие нема да смеат да управуваат моторни возила од полноќ до пет часот наутро, ниту автомобили од категоријата Б со моќност поголема од 80 киловати, освен ако со нив не се наоѓа искусен возач. За прекршување на овие ограничувања е предвидена парична казна од 300 до 600 евра. Со измените првпат детално се регулира употребата на лесни електрични превозни средства, вклучително и електричните тротинети. Лицата помлади од 16 години нема да смеат да ги управуваат на јавни патишта, а родителите кои ќе им го дозволат тоа може да бидат казнети со 150 до 400 евра. Забрането е и превезување повеќе од едно лице на електричен тротинет, за што исто така се предвидени санкции. Законот ги проширува овластувањата на полициските службеници, кои отсега ќе можат привремено да одземат возило од возач што сторил тежок сообраќаен прекршок, доколку во последните две години бил осуден…
RegionВИДЕО: Зеленски пристигна во Белград
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во Белград, во својата прва официјална посета на Србија откако ја презеде функцијата претседател на Украина. На белградскиот аеродром го пречека српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, а за денеска и утре се најавени средби со претседателот Александар Вучиќ и премиерот... Текстот ВИДЕО: Зеленски пристигна во Белград е превземен од А1он.
RegionСергеј Трифуновиќ и неговата сопруга приведени по инцидент во трговски центар во Белград
Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга Исидора Мијановиќ денеска биле приведени по инцидент што се случил во еден трговски центар во Белград. Според српските медиуми, инцидентот започнал во продавница, откако za обезбедувањето Исидора Мијановиќ била сомнителна и побарало да ги прегледа нејзините лични работи. На тоа, како што се... Текстот Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга приведени по инцидент во трговски центар во Белград е превземен од А1он.
RegionЦрна Гора ангажира авиони и хеликоптери во борбата со пожарите
Активни пожари има на подрачјето на четири општини во Црна Гора – Бар, Колашин, Цетиње и Гусиње, соопшти Оперативно-комуникацискиот центар (ОКЦ) при црногорското Министерство за внатрешни работи. Претставничката на ОКЦ, Маријана Марковиќ, изјави дека според последните информации од осум часот утринава активни жаришта има на четири локации. Таа додаде дека службите за заштита и спасување во Бар и Колашин побарале воздушна поддршка за гаснење на пожарите. Во општина Бар активни се пожарите на планината Лисин и во населбата Дабовиќи во областа Црмница. Во Колашин гори на Црни Врв во Веле Глубоко, а во општина Цетиње пожарот е активен во реонот на Марковина. Активен останува и пожарот на депонијата во Гусиње, но тој веќе неколку дена е ставен под контрола, рече Марковиќ. Во гаснењето на пожарот на планината Лисин се ангажирани противпожарен авион „ер трактор“, хеликоптерски екипи на Министерството за внатрешни работи и авион „Антонов“. До Армијата на Црна Гора е испратено и барање за ангажирање хеликоптер за гаснење на пожарот на Црни Врв во Веле Глубоко. Црногорските служби за спасување продолжуваат да ги следат жариштата и да преземаат мерки за спречување на натамошното ширење на пожарите.