Politika1233 vijesti
PolitikaАлиу: Не планирам да се пензионирам и да шетам по паркови
Министерот за здравство Азир Алиу рече дека не планира да се пензионира, туку да придонесе за општеството, откако премиерот Христијан Мицкоски вчера најави дека со реконструкцијата на владата овој ресор оди кај ВМРО-ДПМНЕ од каде зa нов министер го предлагаат директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски. Во одговор на новинарско прашање министерот рече […]
PolitikaПишман-политики за Изборниот законик
Ако СДСМ поднесат амандмани, тие ќе бидат прифатени, а единствено барање на ВМРО-ДПМНЕ е гласањето на дијаспората во ера на вештачка интелигенција да биде по електронски пат. Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски, по копјата што се кршат околу предлозите за новиот Изборен законик. Тој посочи дека СДСМ и Левица непринципиелно се однесуваат во процесот за носење на овој законик, бидејќи првично се согласиле и бил постигнат консензус, за во последен момент да се пишманат и да калкулираат, анализира Катерина Блажевска за ДОЈЧЕ ВЕЛЕ. „СДСМ три работи вели. Прва работа е начинот на гласање. Да не се заокружувала бројката, да се заокружувало името. Во ред. Нека поднесат амандман, веднаш ќе им го прифатиме, ако тоа е проблемот. Прво, тоа не е наше барање, така што ние не подготвуваме изборен грабеж, има записници од состаноците, можат да прочитаат од записниците чие барање е тоа. Во делот на жалбата - постизборна од страна на набљудувачите и овластените претставници - нека поднесат амандман, утре ќе им го прифатиме. И тоа не е наше барање, нека ги отворат записниците да видат чие е тоа барање. Наше единствено барање е да може да се овозможи од следните претседателски избори дијаспората да гласа по електронски пат"…
PolitikaMицкоски до опозицијата: Еве да им олесни, да не се грижат, нема да се кандидирам за претседател на државата
Зборувам за сите глумци и политички партии кои едно зборат зад завеса, а друго прават пред завеса. Нема да се кандидирам за претседател на државата и кога ќе ми заврши мандатот претседател на Владата се враќам на факултет, изјави премиерот Христијан Мицкоски за да ја окуражи опозициската Левица да го гласа изборниот законик бидејќи како што рече предлогот на ВМРО-ДПМНЕ дијаспората да гласа електронски го врзале со тоа дека намерата на Мицкоски била на претседателските избори во 2029 година да се кандидира за претседател на државата. Мицкоски им порача на СДСМ и на Левица дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги прифати сите нивни барања за Изборниот законик освен барањето за дијаспората. -Еве да им олеснам бидејќи гледам дека во јавноста шпекулираат со тоа дека јас сум предложил дијаспората да биде вклучена во гласањето, што е природно на електронски начин од следните претседателски избори 2029 година, па јас ќе сум се кандидирал, па затоа тоа сум го предложил, еве да им олеснам, нема да се кандидирам. Кога ќе ми заврши мандатот како претседател на Владата се враќам на факултет меѓу студентите. Еве да им олесни, да не се грижат, нема да се кандидирам за претседател на државата. Немам таква амбиција, ниту желба, само…
PolitikaМицкоски: Опозициските партии учествуваа во целиот процес на договарање, а сега водат лицемерна политика
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска ја посети општина Кисела Вода, каде изврши увид на градежни активности на проектите од унгарскиот кредит, и тоа отворање на каналот и пешачката патека на Мала Рада и изградба на потпорни ѕидови и реконструкција на коритото. Премиерот Мицкоски при посетата одговараше на новинарски прашања за Изборниот законик дали планита да го повлече бидејќи нема консензус. -Тезата е грешна, еве зошто? Политичката партија Левица учествуваше во целиот процес на договарање на овој закон и им беа прифатени сите забелешки, се што побараа каде нивниот главен фокус беше на финансирањето изборната кампања. Се што побараа им беше прифатено и усогласено беше со сите што преговараа, впрочем има и записници. Проблемот настана кога не сакаа да се потпишат и рекоа вие потпишете го и слободно гласајте го, ние нема да правиме „филинг бастеринг“ и така да помине, изјави Мицкоски. Тој ја нагласи пораката што Левица ја испраќа до сите. -И со тоа каква порака испратија, ние добивме што сакаме, работевме цело време најлицемерно и сега се откажуваме, за да се покажеме дека пред тие што не поддржуваат дека ние сме тврдокорните, а во суштина се си прифатија за време на дебатата. Тоа е таа лицемерна политика што…
PolitikaМицкоски: Еве нека ѝ олесни на опозицијата, нема да се кандидирам за шеф на државата, нека поддржат дијаспората да гласа електронски
Нема да се кандидирам за претседател на државата и кога ќе ми заврши мандатот претседател на Владата се враќам на факултет, изјави премиерот Христијан Мицкоски за да ја окуражи опозициската Левица да го гласа изборниот законик бидејќи како што рече предлогот на ВМРО-ДПМНЕ дијаспората да гласа електронски го врзале со тоа дека намерата на Мицкоски … Мицкоски: Еве нека ѝ олесни на опозицијата, нема да се кандидирам за шеф на државата, нека поддржат дијаспората да гласа електронски Read More » The post Мицкоски: Еве нека ѝ олесни на опозицијата, нема да се кандидирам за шеф на државата, нека поддржат дијаспората да гласа електронски appeared first on Слободен печат.
PolitikaКаја Калас се сретна со Ердоган во Анкара пред самитот на НАТО
Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, се сретна со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара за да разговараат за можно зајакнување на односите меѓу ЕУ и Турција, објави новинската агенција „ДПА“. По средбата, Калас објави на „Икс“ дека Турција е „клучен партнер во безбедноста, во миграцијата и во енергијата, како и земја … Каја Калас се сретна со Ердоган во Анкара пред самитот на НАТО Read More » The post Каја Калас се сретна со Ердоган во Анкара пред самитот на НАТО appeared first on Слободен печат.
PolitikaМанасиевски: Реформите продолжуваат и покрај блокадите од опозицијата
Во емисијата „Утринско Еспресо“ на Радио Лидер, гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски кој на самиот почеток истакна дека изминатите две години ВМРО-ДПМНЕ покажала дека работи чесно, одговорно и транспарентно и посочи дека во тој период биле реализирани бројни проекти и мерки во повеќе области, меѓу кои транспортот, образованието, дигитализацијата, економијата, како и зголемувањето на платите и пензиите. -Изминативе две години ВМРО-ДПМНЕ и како Влада и како партија покажа и докажа како треба да се работи, чесно, одговорно, транспарентно реализирајќи многу проекти и мерки за граѓаните од делот на транспорт, образование, дигитализација, економија, плати, пензии. Изминатите две години ја стабилизиравме државата, ги поставивме темелите, за разлика од порано сега гледаме еден поинаков пристап во реализација на програмата што е ветена пред граѓаните, рече Манасиевски. Манасиевски се осврна на темата за Изборниот законик и блокадите од страна на опозицијата, според него станува збор за закон кој е дел од Реформската агенда, а неговото блокирање, како што оцени, може негативно да се одрази врз процесот на обезбедување средства од Планот за раст. -Видовме сите како заедно здружено со Левицa, Венко Филипче се договорија со десетици илјади амандмани да го блокираат Изборниот законик кој е дел од Реформската агенда. Тоа што они не…
PolitikaРеконтрукцијата на Владата е освежување и чекор напред за следните две години
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски кој истакна дека владината реконструкција претставува освежување од кое најголеми добитници се граѓаните. Тој исто така посочи дека на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и се приклучила Турска демократска партија, покрај коалициските партнери Вреди и ЗНАМ, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го објавува интегрално. -Секогаш има простор за нови […] The post Реконтрукцијата на Владата е освежување и чекор напред за следните две години appeared first on Република.
PolitikaОва се новите министри од ВЛЕН?
Премиерот Христијан Мицкоски вчера и официјално ја објави реконструкцијата на Владата, а во неа, како што најави, коалицијата Влен ќе има еден вицепремиер и три министри. Во рамки на реконструкцијата, Влен ќе ги преземе Министерството за правда, Министерството за култура и туризам и Министерството за односи меѓу заедниците. За министер за култура и туризам е […]
PolitikaСДСМ: Реконструкцијата на Владата е само театар за да се создаде впечаток дека нешто се менува
Од опозиската партија заклучуваат дека „претстaвата“ со реконструкцијата ќе трае кратко бидејќи, како што велат, нè очекуваат... The post СДСМ: Реконструкцијата на Владата е само театар за да се создаде впечаток дека нешто се менува appeared first on 360 степени.
PolitikaЈетон Шасивари во Правда, Седат Сулејмани во Култура и Агон Ферати во Односи меѓу заедниците – Влен со тројца нови министри во реконструираната влада
Премиерот Христијан Мицкоски вчера и официјално ја објави реконструкцијата на Владата, а во неа, како што најави, коалицијата Влен ќе има еден вицепремиер и три министри. Беким Сали останува прв вицепремиер и министер за европски прашања, додека функцијата вицепремиер за добро владеење, која досега ја извршуваше Арбен Фетаи, ќе се укине. Надлежностите од ова министерство … Јетон Шасивари во Правда, Седат Сулејмани во Култура и Агон Ферати во Односи меѓу заедниците – Влен со тројца нови министри во реконструираната влада Read More » The post Јетон Шасивари во Правда, Седат Сулејмани во Култура и Агон Ферати во Односи меѓу заедниците – Влен со тројца нови министри во реконструираната влада appeared first on Слободен печат.
PolitikaНе сме толку глупави да се скараме со Израел, рече американскиот амбасадор во Тел Авив
Говорејќи на специјален настан на Американско-израелскиот совет (ИАК) под наслов „Америка 250“ во Тел Авив, организиран од американско-израелската претприемачка и филантропка Шари Арисон, Хакаби рече дека партнерството меѓу Вашингтон и Ерусалим се темели на заеднички вредности, историја и стратегиски интереси. „Кога слушам луѓе како прашуваат: ‘Дали е можно Америка и Израел да се разделат и […] The post Не сме толку глупави да се скараме со Израел, рече американскиот амбасадор во Тел Авив appeared first on МКД.МК.