Пишман-политики за Изборниот законик

Ако СДСМ поднесат амандмани, тие ќе бидат прифатени, а единствено барање на ВМРО-ДПМНЕ е гласањето на дијаспората во ера на вештачка интелигенција да биде по електронски пат. Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски, по копјата што се кршат околу предлозите за новиот Изборен законик. Тој посочи дека СДСМ и Левица непринципиелно се однесуваат во процесот за носење на овој законик, бидејќи првично се согласиле и бил постигнат консензус, за во последен момент да се пишманат и да калкулираат, анализира Катерина Блажевска за ДОЈЧЕ ВЕЛЕ. „СДСМ три работи вели. Прва работа е начинот на гласање. Да не се заокружувала бројката, да се заокружувало името. Во ред. Нека поднесат амандман, веднаш ќе им го прифатиме, ако тоа е проблемот. Прво, тоа не е наше барање, така што ние не подготвуваме изборен грабеж, има записници од состаноците, можат да прочитаат од записниците чие барање е тоа. Во делот на жалбата - постизборна од страна на набљудувачите и овластените претставници - нека поднесат амандман, утре ќе им го прифатиме. И тоа не е наше барање, нека ги отворат записниците да видат чие е тоа барање. Наше единствено барање е да може да се овозможи од следните претседателски избори дијаспората да гласа по електронски пат"…
Povezane vijesti

Тест на личноста: Што кажува обликот на вашата рака за вас?
NIKARAGVA PREKINULA DIPLOMATSKE ODNOSE SA ITALIJOM Sukob zbog čoveka osuđenog za ubistvo Alda Mora
