ЗОШТО ПРОТОКОЛИТЕ НЕ СЕ И НЕ СМЕАТ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВАРАЧКИОТ ПРОЦЕС?

И кој дозволи еден нератификуван билатерален документ да добие сила на европски услов? Пишува: Јове Кекеновски Во една неодамнешна полемика околу Вториот протокол тврдев дека проблемот не е во тоа што јавноста погрешно го разбрала документот. Напротив, проблемот е што многумина премногу добро го разбраа. Затоа и укажував на неговата штетност, на обврските што ги содржи и на последиците што може да ги произведе врз македонското образование, историја, култура и европска иднина. Но по таа полемика остана отворено едно уште поважно прашање. Како еден билатерален протокол, кој не е ратификуван во Собранието, воопшто доби место во пристапниот процес на Македонија кон Европската Унија? Кој го дозволи тоа? И преку каков правен и политички премин документот од односите меѓу Македонија и Бугарија се претвори во прашање од кое зависи нашиот напредок кон членство во Унијата? Да расчистиме уште на почетокот. Вториот протокол не е наведен во Преговарачката рамка со неговото целосно име. Во неа никаде не пишува дека „Вториот протокол од 17 јули 2022 година е составен дел од Преговарачката рамка“. Тој документ не е приложен кон рамката, не е наведен како нејзин анекс и не е посочен како посебен правен акт што Македонија е должна да го исполнува во текот…
Povezane vijesti

Patrijarh Porfirije: Srbi u Australiji svojim sabranjem primjer sunarodnicima u Srbiji

Брзаковска: Филипче и Горан Бетон Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка
