Заврши сослушувањето на вештакот Русески за кој Обвинителството ја проблематизираше стручноста и кредибилитетот, судењето за „Пулс“ продолжува на 3 ноември

Со дополнителни и вкрстени прашања на одбраната денеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје заврши сослушувањето на вештакот Петре Русески, кој го изработил градежното вештачење за првообвинетиот Дејан Јованов и уште двајца обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во текот на повеќе рочишта, Обвинителството ги оспоруваше неговите заклучоци за градежните интервенции во објектот, документацијата и условите за евакуација, додека Русески остана на ставот дека од градежен аспект немало реконструкција или пренамена, туку внатрешно ентериерно уредување и занаетчиски работи. На денешното рочиште, Русески одговараше на вкрстени прашања на одбраната, по што некои од нив изнесоа и свои забелешки на неговиот исказ. Одбраната на „Венци проект“, како забелешка наведе дека документот бил верификуван од Виктор Апостолов, додека „Венци проект“ и Милка Едровска немале овластување и лиценца за вршење работи од областа на архитектурата, поради што не можеле да потврдат проект изработен од друго лице – проектант или архитект. Одбраната на сопственикот на објектот, Гроздан Милковски, од своја страна, истакна дека вештакот потврдил оти состојбата на објектот не била причина за настанувањето и последиците од пожарот, дека објектот бил изграден согласно одобрението за градење и дека по неговото издавање бил во владение на закупецот. На следното рочиште, како…
Povezane vijesti

СКАНДАЛ во процесот за „Пулс“: Одбраната ангажирала вештак обвинет за лажен исказ во друг случај, ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ИЗЗЕМАЊЕ!

Продолжува судењето за „Пулс“: Вкрстени прашања за вештакот, семејствата бараат правда без релативизирање на фактите
