СКАНДАЛ во процесот за „Пулс“: Одбраната ангажирала вештак обвинет за лажен исказ во друг случај, ОБВИНИТЕЛСТВОТО БАРА ИЗЗЕМАЊЕ!

Вештакот Петре Русески, ангажиран од одбраната во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска изјави дека не смета оти постои основ за негово изземање, откако Обвинителството отвори прашања за негови претходни ангажмани и соработката со други вешти лица. Во продолжението на вкрстеното испитување, Русески остана на ставот дека од градежен аспект објектот одговорил на својата намена и дека изведените зафати претставувале градежно-занаетчиски работи. Обвинителката Наташа Сарамандова на почетокот на денешното рочиште, побара од вештакот Петре Русески, кој го има изработено градежното вештачење на првообвинетиот Дејан Јованов и двајца други обвинети да одговори дали смета дека има основ за негово изземање, укажувајќи дека Јавното обвинителство пред да ангажира вешто лице прави проверки дали против него се води постапка или било осудувано и очекува тоа да го прават и другите странки во постапката. Обвинителството посочи дека Русески на барање на обвинетите Николчо Коцев и Љупчо Стаменков има изработено вештачење во кое учествувала и е потпишана и Василка Каевска, и го повика да одговори, дали "Василка Каевска, заедно со Николчо Коцев и Мирослав Грчев, покрај Вас, сте изготвувале правни вештачења и за "Инкс Дрим" АД Струга, произнесувајќи се на материја за која сте ангажирани да вештачите и во овој предмет", на…
Povezane vijesti

Вештакот во „Пулс“ смета дека неправедно е изземен
