klik.world
Zdravlje Sjeverna Makedonija

ВРЕДИ: За 14 изгубени животи не смее да одговара „кабелот“

ВРЕДИ: За 14 изгубени животи не смее да одговара „кабелот“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·21. 08. 2026. 12:07:42

Свесното жртвување на обвинението за трагедијата во модуларната болница во Тетово претставува повторно жртвување на 14-те настрадани, на нивното достоинство и на болката на нивните најблиски, велат во партиското соопштение од ВРЕДИ. Али Ахмети и обвинителството раководено од Ислам Абази должат одговор пред јавноста: како е можно по 14 изгубени животи на крајот да излезе дека „виновен“ е кабелот? Овој случај ризикува да остане запаметен како еден од најсрамните примери за институционална неодговорност и заробено правосудство. Правдата не смее да зависи од ничие политичко влијание, партиска припадност или функција. Кога за трагедија со 14 човечки жртви нема целосна и неселективна одговорност, тогаш не станува збор само за неуспех на едно обвинение, туку за тежок пораз на целиот правосуден систем. Овој скандалозен правосуден епилог оди на товар на нереформираното раководство на ДУИ. Тоа раководство уште еднаш покажува дека Албанците во Македонија ги користи како совршено алиби за својата опсесија со власта – власт која за нив значи привилегии, тендери и фотелји, а не одговорност пред граѓаните. За ДУИ, очигледно, човечките животи се само статистика. Без душа, без морал и без емпатија. Но за семејствата на жртвите тие се незаменливи човечки животи, а за целото општество – обврска вистината да биде откриена…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti