klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“
Foto: Sitel
Sitel·nenad.boskovski·28. 06. 2026. 08:10:11

Со врачување на највисоките фестивалски признанија и меѓународно поетско читање „Мостови“, вечер на Мостот на поезијата завршува 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата. На манифестацијата, на холандската поетеса Анеке Брасинга ќе и биде врачен „Златниот венец“, највисокото фестивалско признание. Наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година за најдобра поетска книга меѓу две фестивалски изданија на Струшките вечери на поезијата ќе и биде доделена на македонската поетеса Николина Андова Шопова за збирката „Во куќата“. Признанието „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата го доделуваат за најдобар поет-дебитант му беше врачено на Даниел Хајндс од Обединетото Кралство. По завршување на меѓународното поетско читање „Мостови“ ќе биде прогласен и добитникот на наградата „Енхалон“. Ќе се реализира и традиционалниот излет со брод до манастирот „Свети Наум“, каде ќе се одржи поетско читање, а ќе биде доделена и награда за најдобра песна посветена на виното „In vino veritas“. Во рамките на фестивалската програма утре предивдено е „Поетско матине“ во винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци. Струшките вечери на поезијата свечено беа отворени во средата со традиционалното палење на фестивалскиот оган и садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на лауреатот за 2026 година, поетесата Анеке Брасинга од Холандија. Манифестацијата Струшки вечери на…

Izvor: Sitel. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti