Врачени највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Со врачувањето на фестивалкото признание „Златен венец“ за 2026 година на холандската поетеса Анеке Брасинга и наградата „Браќа Миладиновци“ на македонската поетеса Николина Андова Шопова за збирката „Во куќата“, вечерва на Мостот на поезијата свечено завршија 65-тите Струшки вечери на поезијата. Покрај лауреатите на овие високи фестивалски признанија на традиционалниот поетски митинг „Мостови“ стихови читаа и поети од сите меридијани. Во рамките на фестивалската програма на Даниел Хајндс од Обединетото Кралство му беше врачена наградата „Мостови на Струга“ што УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата ја доделуваат за најдобар поет-дебитант за стихозбирката „Нови познати фрази“. Наградата „Стојан Христов“ за 2026 година, која ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и Агенцијата за иселеништво му беше доделена на Ибраим Џемаил – Скарабеус за книгата „Патешествие низ времиња“. Учесниците на фестивалот од Струга уште еднаш ја испратија пораката дека поезијата е универзален јазик без граници, кој ги обединува луѓето и народите од сите страни на светот. Манифестацијата почна во средата со традиционалното садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на добитничката на „Златен венец“ и палење на фестивалскиот оган во Домот на поезијата. Според фестивалската програма, во рамките на „Поезијата на пат“, утре „Поетско матине ќе се одржи во винарската визба „…
Povezane vijesti

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“

Врачување на највисоките признанија на Струшките вечери на поезијата на манифестацијата „Мостови“
