klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

„Вонземјани“ утревечер во МНТ, комедија што низ хумор отвора сериозни општествени прашања

„Вонземјани“ утревечер во МНТ, комедија што низ хумор отвора сериозни општествени прашања
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·19. 10. 2026. 12:36:40

Претставата „Вонземјани“, во режија на Васил Михаил, утревечер во 20 часот ќе биде изведена во Македонскиот народен театар (МНТ). Претставата е работена по текст на Игор Кузмановски, а е копродукција на продукцијата „Мана“ и МНТ. Во претставата играат Нино Леви, Димитрина Мицкоска, Марија Новак, Наум Георгиевски и Димитар Паскоски. Авторот на текстот Кузмановски на денешната прес-конференција истакна дека при пишувањето тргнал од прашањето дали со губењето на љубовта, солидарноста и сочувството ги губиме и човечките особини. – Пред да почнам да го пишувам овој текст си поставив едно прашање кое подолго време тлееше во мене: дали луѓето, губејќи ги љубовта, солидарноста и сочувството, останале луѓе или сме се претвориле во нешто друго? Најдов начин преку хуморот да го поставам тоа прашање пред публиката, која треба сама да го најде одговорот - рече тој. Според него, иако текстот води кон комедија, во него се отвораат сериозни проблеми во кои, како што рече, сите денес можат да се пронајдат. – Претставата ќе нè насмее, но ќе ни постави и многу прашања кои би нè однеле до некаква тишина и размислување за еден подобар утрешен свет. Не би рекол дека ќе остави горчина, туку секој од нас ќе се запраша: Каде одиме? Каде…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti