Скупифестивал слави 20 години: Мирјана Карановиќ наградена, „Тие веќе ги нема“ е најдобрата претстава

Од 10 до 17 октомври, Албанскиот театар во Скопје беше домаќин на 20. јубилејно издание на Меѓународниот театарски фестивал Скупифестивал, кој повторно ги обедини уметниците, театарските институции и публиката од регионот и Европа. Во текот на седумте фестивалски дена беа претставени осум театарски продукции од Косово, Албанија, Полска, Молдавија, Турција, Бугарија и Србија, како и меѓународни копродукции со учество на партнери од Шведска, Украина и Грузија. Јубилејното издание понуди разновидна програма со современи и класични драмски дела, различни режисерски пристапи и силни актерски остварувања, потврдувајќи ја улогата на фестивалот во развојот на меѓународната културна соработка. Фестивалот беше отворен на 10 октомври со претставата „Unrecognized“, од авторите Давит Габунија и Јетон Незирај, во режија на Дата Тавадзе. Во продолжение на програмата, публиката ги проследи и „Хамлет“ во режија на Јонида Беко, „Sexoholic“ од полскиот автор и режисер Гжегор Кемпински, „Гнасотија“ од Астрит Кабаши, како и други продукции што понудија различни уметнички перспективи и сценски изрази. Меѓу претставите што ја одбележаа програмата беа и „Работи што не се кажуваат“, во продукција на Театарот „Алексеј Матејевич“ од Молдавија, монодрамата „Прво лице еднина“, со Владанка Крстевски, како и „Богот на масакрот“, според делото на Јасмина Реза, во продукција на Националниот театар „Иван Вазов“ од…
Povezane vijesti

„Бог на масакрот“ на театарот „Иван Вазов“ вечерва гостува на „Скупифестивал“

„Избраниот“ – театарска вечер што Mozzart ја носи поблиску до публиката
