klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Во тек се повеќе од 300 инфраструктурни проекти низ државата за водоводи, канализации и заштита на животната средина

Во тек се повеќе од 300 инфраструктурни проекти низ државата за водоводи, канализации и заштита на животната средина
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·28. 07. 2026. 07:09:42

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека Владата реализира повеќе од 300 инфраструктурни проекти низ државата, насочени кон изградба на водоводи, канализации, пречистителни станици и системи за заштита од поплави. Од партијата наведуваат дека Владата „две години испорачува конкретни резултати, инвестиции и развој за заштита на животната средина“, додавајќи дека капиталните проекти придонесуваат за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на животот на граѓаните. „Низ целата држава се градат нови водоводи, канализации, пречистителни станици и системи за заштита од поплави. Секоја реализирана инвестиција значи подобра инфраструктура, почиста животна средина и поквалитетни услови за живот“, се наведува во соопштението. Во него се посочува дека со инвестиција од 376 милиони денари започнала регулацијата на коритото на Сува Река, проект за кој, според ВМРО-ДПМНЕ, ќе се реши долгогодишен проблем за жителите од овој регион. Како реализирани или тековни проекти се наведуваат и уредувањето на коритото на Мала Рада, изградбата на нов водоснабдителен систем во Лениште вреден над 21 милион денари, како и реконструкцијата на делови од водоводната мрежа во Скопје. Партијата информира дека во Струга започнала изградбата на канализационен систем во селото Враништа, инвестиција вредна над 91 милион денари, целосно финансирана преку Вториот повик од Унгарскиот кредит, додека во Чучер Сандево се гради современа пречистителна станица во вредност…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti