klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Демис Хасабис: Светот наскоро би можел да се соочи со сериозни кибер напади, ВИ хакирањата се „рано предупредување“

Демис Хасабис: Светот наскоро би можел да се соочи со сериозни кибер напади, ВИ хакирањата се „рано предупредување“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·14. 10. 2026. 13:28:23

Неодамнешните хакерски напади извршени со помош на агенти за вештачка интелигенција означуваат „ рано предупредување“ дека светот би можел да се соочи со посериозни инциденти во наредните години доколку не се подобри безбедноста на системот, изјави денеска ко-основачот и претседател на Гугл дипмајнд, Демис Хасабис. На самитот за вештачка интелигенција во Даблин, Хасабис рече дека во областа на вештачката интелигенција треба да се усвојат безбедносни практики како оние што се применуваат во области како што се биологијата и нуклеарната енергија, особено кога станува збор за заштита на критичните системи. Според него, потребно е да се формира меѓународно тело што би развило безбедносни стандарди и систем за сертификација на системи со вештачка интелигенција, со барања прилагодени на нивните ризици и доволно флексибилни за да го следат развојот на технологијата. -Мислам дека овие (инциденти со хакирање) се еден вид предупредување за нас дека системите сe уште не се толку моќни, па затоа и инцидентите не се толку сериозни, изјави Хасабис – кој е и главен научник во „Алфабет“ (Alphabet), матичната компанија на „Гугл“ – на самитот за вештачка интелигенција во Даблин. „Но, тие би можеле да станат (сериозни) во текот на следната година и во годините што следат, доколку не вложиме повеќе…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti