Во септември санкционирани 1.803 возачи на велосипеди и мотоцикли, одземени 88 мотоцикли

Вкупно 1.803 сообраќајни прекршоци биле констатирани во зајакнатите акциски контроли што Министерството за внатрешни работи ги спроведе во текот на септември годинава, насочени кон возачите на велосипеди, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, соопштува Министерството за внатрешни работи. Најголем дел од прекршоците, односно 1.478, се однесуваат на некористење заштитен шлем. Во рамки на контролите, полицијата евидентирала и 132 случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик. Дополнително, согласно член 300-б од Кривичниот законик, биле одземени 88 мотоцикли. При контролите биле констатирани и 5.034 други видови прекршоци. Најмногу прекршоци биле евидентирани на подрачјето на СВР Скопје – 437, по што следуваат СВР Битола со 233, СВР Велес со 213, СВР Струмица со 201 и СВР Тетово со 168 прекршоци. Од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата биле констатирани 154 прекршоци, додека останатите биле регистрирани на подрачјата на СВР Штип, СВР Охрид и СВР Куманово. Од МВР информираат дека за сите утврдени прекршоци се преземени соодветни мерки согласно законските прописи и најавуваат продолжување на засилените контроли. Воедно, Министерството апелира до возачите на мопеди и мотоцикли задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и да избегнуваат ризично однесување во сообраќајот, со цел…


