Во интерес на јавното здравје, исклучени четири фонтани во Карпош

Во насока на преземање активности за справување со вирусот на Западно – нилска треска, Општина Карпош ги исклучи четирите фонтани кои се наоѓаат на нејзина територија. Општинските служби го преземаат овој чекор, како превентивна мерка за спречување на појава на ларви и комарци, кои шират вирусни заболувања. За таа цел се исклучени: -Фонтаната во населбата Бардовци; -Фонтаната спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“; -Фонтаната на плоштадот Делфина во Влае; и -Фонтаната во Карпош 3 (спроти Тинекс). Се надеваме на разбирање од карпошани, бидејќи Општина Карпош ја презема оваа мерка во интерес на безбедноста и здравјето на сите жители. Во оваа пригода, апелираме до нашите сограѓани да се придржуваат до препораките од Институтот за јавно здравје.
Povezane vijesti

Антонио Јолевски е назначен за в.д. виш јавен обвинител во Битола, на местото на Пецо Везироски

Над 244 илјади туристи ја посетиле Македонија во август, најбројни биле гостите од Турција
