klik.world
Region Sjeverna Makedonija

„Безбеден град“ регистрираше 296 прекршоци за два дена во Охридско-струшкиот регион

„Безбеден град“ регистрираше 296 прекршоци за два дена во Охридско-струшкиот регион
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·14. 10. 2026. 14:51:51

Во текот на првиот ден од функционирањето на системот системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ односно на 12.10.2026 година, на подрачјата на Охрид, Струга, Кичево и Дебар регистрирани се вкупно 148 сообраќајни прекршоци, од кои најголемиот дел се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина во и надвор од населено место, поминување на црвено светло на семафор, како и управување со нерегистрирани возила. Во текот на вчерашниот ден (13.10.2026 година), заклучно со 19 часот, преку системот регистрирани се дополнителни 148 сообраќајни прекршоци, информираат од СВР Охрид. Сите регистрирани прекршоци се документирани, а до сопствениците на возилата со кои се сторени прекршоците се доставуваат известувања преку СМС-пораки на мобилните телефони и на електронските адреси. Апелираме до сите учесници во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација. Воедно, укажуваме дека системот „Безбеден град“ има за цел да придонесе кон подигнување на сообраќајната култура, поголема дисциплина кај возачите и унапредување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, апелираат од СВР Охрид.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti