klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Во Делчево објавен Јавен повик за учество на манифестацијата „Пијанечки денови на сливата“

Во Делчево објавен Јавен повик за учество на манифестацијата „Пијанечки денови на сливата“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·22. 10. 2026. 15:39:03

Општина Делчево распиша јавен повик за пријавување учесници на манифестацијата „Пијанечки денови на сливата 2026“, која ќе се одржи на 3 ноември во село Град, со почеток во 11 часот. Манифестацијата, која се организира во рамки на Програмата за култура на Општина Делчево за 2026 година, има цел да ги промовира сливата и производите од слива, како едни од традиционално најзастапените земјоделски производи во Пијанец, како и традиционалната храна и рачните изработки карактеристични за овој крај. Во рамки на централниот настан е предвиден натпревар во печење ракија под мотото „Мојата сливова ракија е највесела“, подготовка или промоција на мармалад, слатко и компот од слива, подготовка на традиционални бели пецива со производи од слива, како и уредување и претставување штандови со традиционални производи и ракотворби. Натпреварувачки карактер ќе имаат активностите поврзани со подготовката на ракија, мармалад и слатко, како и уредувањето на штандовите, додека останатите активности ќе бидат ревијални. За најуспешните учесници се предвидени парични награди. За највесела ракија ќе бидат доделени две награди, од 8.000 денари за првото и 6.000 денари за второто место. За најсладок мармалад или слатко е предвидена награда од 3.000 денари, а исто толку ќе добие и учесникот со најубаво уреден штанд. Општина Делчево за пријавените…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti