klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска магија: „Есенско пазарче“ повторно ги собира љубителите на традицијата во кумановско (ФОТО)

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска магија: „Есенско пазарче“ повторно ги собира љубителите на традицијата во кумановско (ФОТО)
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Дејан Донев·18. 10. 2026. 22:45:34

Мирис на свежо подготвена домашна храна, тегли полни со зимница, традиционални рецепти што се пренесуваат од генерација на генерација, музика, детски насмевки и топло гостопримство. Вака изгледа есента кога ќе се соберат вредните домаќини од кумановските села. На 25 октомври 2026 година (недела), со почеток во 10:30 часот, пред „Туршијара Суперкиз“ во Ново Село, повторно ќе се одржи „Есенско пазарче“ – настан кој за само неколку години успеа да прерасне во препознатлива локална традиција. Ова ќе биде четврто издание на манифестацијата, зад која стојат младите ентузијасти од здружението за рурален развој „Ума Сто“, основано во соседното село Умин Дол. А кога тие ќе ги поканат гостите на дружење, едно е сигурно – никој нема да остане рамнодушен на домашните вкусови и селското гостопримство. [sponsored_video] Од мала селска иницијатива до традиција што привлекува гости и од странство Приказната за „Есенско пазарче“ започна во ноември 2023 година, кога група млади луѓе од Умин Дол и Ново Село решија да им дадат можност на малите локални производители да го претстават она што го создаваат со сопствени раце. Идејата беше едноставна, но значајна – да се промовираат домашните производи, да се поттикне локалната економија и да се покаже дека селата имаат многу повеќе да…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti