klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува ниските и подмолни навреди на Фатмир Битиќи кон министерката Гордана Димитриеска-Кочоска

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува ниските и подмолни навреди на Фатмир Битиќи кон министерката Гордана Димитриеска-Кочоска
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·10. 07. 2026. 07:43:45

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува ниските и подмолни навреди на Фатмир Битиќи кон министерката Гордана Димитриеска-Кочоска, која освен тоа што е носител на јавна функција, е и жена, мајка, ќерка и активен граѓанин на Република Македонија, човек со интегритет и докажана професионалност, велат од партијата. Нападите и омаловажувањата искажани од Фатмир Битиќи се одраз на слаб и исплашен човек. Само човек кој е несигурен во себе прибегнува кон ниски напади врз жена, сопруга и мајка. Фатмир Битиќи, наместо јавноста да го препознава по професионалноста и својата работа, е познат единствено по својата етничка припадност во СДС, врз која ја гради својата политичка кариера, и по ништо друго. Веројатно и во СДС, а сигурно и Албанците, исто како и Македонците, се срамат што го имаат Фатмир Битиќи. Освен по тоа што по својата вокација беше неспособен министер за економија, ќе остане запаметен како дел од неспособниот и криминален мозаик на тандемот ДУИ–СДС, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Човек без кредибилитет и без доволно домашна култура навредува друг човек во отсуство на аргументи за расправа, стои во поддршката од партијата за министерката Кочоска.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti