klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Битиќи со потценувачки навреди, Стојаноска му се спротивстави: Тензична расправа во Собрание (ВИДЕО)

Битиќи со потценувачки навреди, Стојаноска му се спротивстави: Тензична расправа во Собрание (ВИДЕО)
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·09. 07. 2026. 20:42:57

Тензична расправа за ребалансот на Буџетот, Фатмир Битиќи од СДСМ со навреди кон министерката и заменик-министерот за финансии. Продолжува расправата за предлог – ребалансот на буџетот, која на моменти беше и тензична. Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, со иронични коментари и навреди кон министерката и заменикот – министер за финансии. -Бездната во која што пропаѓате е многу длабока. Имате уште да одите надоле и во тоа ве смести сметководителката и професорот, рече Битиќи. На ова бурно реагираа присутните пратеници. -Министерката за финансии потценувачки ја ословивте како сметководителка и заменикот министер исто така со потценување како професор бидејќи вие сте биле експерт кој тука моли да држи некому часови, веројатно нема студенти таму каде што треба да ги држи, му одговори пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti