klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·28. 07. 2026. 07:09:09

СДС и Венко Филипче со лаги не можат да ја сокријат одговорноста на нивните кадри во Гостивар. Конструкциите, лагите и манипулациите на Венко Филипче и СДС за состојбите во Гостивар не можат да ја сокријат вината и неспособноста на нивните кадри во Гостивар. СДС и Филипче покажаа елементарно непознавање на тоа како функционира системот и кој за што е надлежен, барајќи одговорност на погрешна адреса, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Фактите се јасни. Контролата на квалитетот на водата е во надлежност на локалните институции. Во Гостивар локалната власт ја предводат кадри поддржани од СДС, ДУИ и Арбен Таравари. Градоначалникот Валбон Лимани е нивен избор и нивна политичка одговорност. Наместо да одговорат кој потфрлил таму каде што тие ја имаат локалната власт, СДС секојдневно пласира невистини и ја насочува јавноста кон погрешна адреса. Додека надлежните институции и службите работат деноноќно за целосно надминување на состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, СДС и Венко Филипче продолжуваат со старата пракса, политиканство, манипулации и обид за собирање евтини политички поени врз грбот на граѓаните, се наведува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „Затоа, ако навистина бараат одговорност, нека почнат од сопствените редови. Наместо прес-конференции со обвинувања, нека им објаснат на граѓаните што направиле и зошто дошло до оваа…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti