ВМРО-ДПМНЕ: Добро испланираните економските политики на владата дават резултати, храната поевтини, инфлацијата се намали

Економските политики на Владата даваат резултати, пазарот се стабилизира, цените се намалуваат, храната поевтини, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ. Владините мерки за намалување на цените на нафтените деривати, вродија со плод, така што Македонија во континуитет беше држава со најниски цени на енергенсите, кои доведоа и до намалување на цените на прехранбените производи. Според официјалните податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јуни месец изнесува 3,4%, додека споредено со мај месец годинава бележи намалување од 0,5 проценти, додека индексот на цените на мало, исто така, во однос на мај бележи намалување за 0,8%. Тоа е што е посебен успех е фактот што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува 2,5%, додека кај облека и обувки е 2,1%. Практично, тоа што ја зголемува годишната инфлација во јуни се алкохолните пијалаци и тутунот со 9,3%, и транспортот со 6,2 проценти. Ова значи дека храната поевтини и дека основните производи за живот, граѓаните ги обезбедуваат со помалку пари. Колку за споредба со земјите од регионот, инфлацијата во Грција изнесува 3,9 проценти, во Бугарија 5,6, во Хрватска 4,5, Словенија 3,6, додека пак во Турција инфлацијата изнесува неверојатно високи 32,11%. Што се однесува на инфлацијата во другите земји од регионот, тие сè…
Povezane vijesti

Трамп ја обвини Кина за вмешаност во изборите во САД во 2020 година

Менаџерски договор наместо вработување за директорите во осигурителните фирми
