Поддршката на стопанството, до 250 илјади денари грант по работник за вработување млади до 29 години

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека поддршката на стопанството за отворање нови работни места останува еден од главните приоритети на Владата, посочувајќи дека во тек е јавниот повик „Поддршка за креирање на нови работни места“ од Оперативниот план за вработување 2026. Од партијата наведуваат дека преку мерката „Вработување и раст на правни субјекти“ финансиски ќе бидат поддржани компании за вработување на вкупно 1.385 лица, при што за секое ново работно место се предвидени грантови од 160.000 до 250.000 денари. За оваа мерка, како што посочуваат, обезбеден е буџет од 332,65 милиони денари, односно околу 5,4 милиони евра. Според ВМРО-ДПМНЕ, јавниот повик е наменет за микро, мали и средни претпријатија кои сакаат да го прошират својот бизнис преку отворање нови работни места, а компаниите ќе можат да добијат неповратни финансиски средства за вработување на најмногу пет лица. Од партијата информираат дека највисок грант од 250.000 денари е предвиден за вработување на млади лица до 29 години. Грант од 220.000 денари е наменет за вработување лица корисници на гарантирана минимална помош, Роми, лица со попреченост, жени, долгорочно невработени лица и жени Ромки со завршено средно или високо образование, додека за невработени лица над 29 години се предвидени 160.000 денари по работник. Во соопштението се наведува…


