klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

ВИДЕО: Објавен новиот трејлер за „Дина 3“, обожавателите се воодушевени

ВИДЕО: Објавен новиот трејлер за „Дина 3“, обожавателите се воодушевени
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·09. 07. 2026. 10:44:57

Дени Вилнев и Тимоте Шаламе претставија нов, акционен трејлер за „Дина: Дел 3“, кој го дава најдеталниот поглед досега на долгоочекуваното финале на нивната научно-фантастична трилогија. Според „Варајети“, номинираниот за Оскар режисер и главната ѕвезда на филмот вчера во Лос Анџелес прикажаа нови снимки пред полна сала обожаватели и новинари. Глобалниот IMAX настан беше истовремено емитуван во Чикаго, Далас, Торонто, Монтреал, Лондон, Берлин, Мексико Сити и Абу Даби. „Дина: Трет дел“ ја продолжува приказната за Пол Атреидес (Шаламе) по неговото доаѓање на власт. Заплетот, инспириран од романот „Месија на дините“ на Френк Херберт, се одвива 17 години по настаните од претходниот филм и ги истражува последиците од владеењето на Пол како император. А работите стануваат екстремно темни. Пол е познат по тоа што е надарен со визии за иднината, но неговиот ум е замаглен откако ја презеде контролата врз галаксијата. „Иднината ми зборува на свој начин“, вели Пол во трејлерот. „Не можам да видам што е пред мене“. Пол се соочува и со нов противник, Скитал, кој го игра Роберт Патинсон. „Ќе удриме во самото срце на империјалната моќ“, најавува Скитал, јасно ставајќи до знаење дека неговата цел е промена. Трејлерот, исто така, силно се фокусира на Зендаја како воинот…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti