klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Градот Скопје со поддршка на оркестарот при СУГС Гимназија „Орце Николов“: „Најдоброто од Скопје ќе одекне во Њујорк“

Градот Скопје со поддршка на оркестарот при СУГС Гимназија „Орце Николов“: „Најдоброто од Скопје ќе одекне во Њујорк“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·15. 07. 2026. 08:39:27

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави дека Градот Скопје ќе му даде поддршка на оркестарот при СУГС Гимназија „Орце Николов“, кој во септември ќе настапи во Њујорк по освоеното прво место на меѓународен музички натпревар. Ѓорѓиевски денеска се сретнал со младите музичари, за кои рече дека за краток период постигнале значајни домашни и меѓународни успеси. „Тие се огромна гордост за сите скопјани, но и вистински амбасадори на Македонија, на македонската музика, култура и традиција“, напиша Ѓорѓиевски. Тој потсети дека оркестарот, формиран во 2024 година, ја освоил наградата „First Prize with Honors“ на Меѓународниот натпревар во Њујорк со репертоар составен исклучиво од македонска народна музика. Со освоеното признание, младите музичари добиле и официјална покана за концертни настапи во престижни сали во Њујорк на 5 и 6 септември. „Градот Скопје и јас, како градоначалник, ќе бидеме нивна силна поддршка во остварувањето на овој голем сон. Нивниот настап во Њујорк ќе биде радост и гордост за Скопје и за цела Македонија“, порача Ѓорѓиевски. Тој им посака на членовите на оркестарот успешно да ја претстават Македонија, македонската песна и традиција пред американската публика.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti