klik.world
Crna kronika Sjeverna Makedonija

Вештакот на одбраната во судење за „Пулс“: Во објектот имало три влезови и излези, но не за евакуација, тоа е прашање за вешто лице од противпожарна заштита

Вештакот на одбраната во судење за „Пулс“: Во објектот имало три влезови и излези, но не за евакуација, тоа е прашање за вешто лице од противпожарна заштита
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·19. 10. 2026. 15:24:14

Прашањата на Обвинителството за бројот на влезови и излези во дискотеката „Пулс“ во Кочани и можноста за евакуација на посетителите во ноќта на пожарот предизвикаа повеќе приговори од одбраната и реакции од семејствата на жртвите на денешното судење во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје. Обвинителството во продолжението на денешното рочиште бараше од вештакот ангажиран од одбраната, Петре Русески да одговари за бројот и функционалноста на излези на објектот, градежните материјали, планот за евакуација и самата евакуација на посетителите, како и функционалноста на вентилацијата, со оглед дека, како што укажа "вештакот веќе се впушта во анализа и оценува дека објектот исполнувал соодветна минимално-технички услови". Вештакот Русески рече дека не правел таква анализа, а констатациите што ги навел, рече, се само од веќе утврдени од други надлежни институции, како што е ДПИ и тие што веќе ги издале. -Кажав дека при добивање одобрение за градење треба да се приложи и елаборат за заштита од пожари. Таков елаборат со оглед дека добил одобрение постои и градбата ги исполнува, така и е изграден. Понатаму, објектот има добиено употребна дозвола да се користи како деловен објект и тука Законот за градење нема повеќе ингеренции. Што се однесува до дејноста што се обавува…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti