Судење за „Пулс“: Вештакот на одбраната тврди дека објектот на дискотеката не претрпел реконструкција ниту пренамена

На вкрстените прашања од јавниот обвинител Дарко Јакимовски, вештакот Петре Русески, на денешното рошиште за „Пулс“ во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје остана на ставот дека од градежен аспект објектот на дискотеката не претрпел реконструкција ниту пренамена, туку се работело исклучиво за внатрешно ентериерно уредување. Обвинителството пак укажува на градење без проект, оти со интеревенциите дискотеката добила 88 м2 дополнителен внатрешен простор без да биде изработен проект за статистика. Според Русески, изведбата на надворешните железни скали за влез во дискотеката претставува браварско-занаетчиски зафат кој функционира како независен елемент. -За овие занаетчиски работи не е потребна инспекција ниту посебно одобрение согласно Законот за градење, со оглед на тоа што нема интервенција на градежната конструкција на објектот - истакна вештакот Русески. Тој појасни дека при почетната изградба биле испочитувани сите законски норми, бил извршен технички прием и била издадена дозвола од Министерството за транспорт и врски. Во 2012 година, при промената на дејноста, објектот ја задржал деловната намена и конструктивните карактеристики, а за исполнување на минимално-техничките услови биле изработени елаборати за заштита од пожари, заштита и здравје при работа и сообраќајно решение. -Апсолутно на почетокот на градбата на објектот испочитувани се сите законски норми потребни за да се…
Povezane vijesti
ВИСТИНАТА СЕ УТВРДУВА СО ДОКАЗИ, А НЕ СПОРЕД ПОТРЕБИТЕ НА ОДБРАНАТА – Порака од родителите на загинатите во „Пулс“

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се изведуваат докази на одбраната
