klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Велика Британија се подготвува за еден од најдолгите топлински бранови од 1976 година

Велика Британија се подготвува за еден од најдолгите топлински бранови од 1976 година
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивана Цветановска·08. 07. 2026. 19:52:49

Велика Британија се подготвува за еден од најдолгите топлински бранови од 1976 година, а во Англија во сила се портокалови и жолти предупредувања поради високите температури, соопшти денеска Агенцијата за здравствена безбедност на Велика Британија (UKHSA). Температурите оваа недела во делови од јужна Англија би можеле да достигнат 36 степени Целзиусови, наведува Агенцијата, пренесе Би-Би-Си. Подрачјата на Мидлендс, источна и јужна Англија се наоѓаат под портокалово здравствено предупредување поради жештините издадено од UKHSA, кое важи до 21 часот на 12 јули. Истовремено, во истиот период во сила се жолти предупредувања поради жештините во северна Англија. Се очекува значително влијание на високите температури врз здравствените и социјалните служби, вклучувајќи и зголемување на бројот на смртни случаи, особено кај лицата постари од 65 години и оние со здравствени проблеми. Делови од југот и истокот на земјата официјално влегоа во период на топлински бран во понеделникот, откако три дена по ред беа забележани температури над дефинираните прагови. Условите за прогласување топлински бран беа исполнети вчера, кога температурата достигна 32,4 степени во Тедингтон, во лондонската општина Ричмонд на Темза, како и во Кент. Во наредните денови уште повеќе локации би можеле да забележат температури од 34 или 35 степени, а најтопло најверојатно ќе биде…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti