Холандија го активираше планот за горештини, температури до 34 степени

Холандија се подготвува за нов топлотен бран, а температурите во текот на викендот во одредени делови од земјата би можеле да достигнат и до 34 степени Целзиусови, поради што властите го активираа националниот план за горештини и издадоа жолта фаза на предупредување за делови од земјата. Највисоки температури се очекуваат во провинциите Лимбург, Северен Брабант и Зеувс-Фландерен, додека во централните и јужните делови од земјата тие ќе се движат меѓу 30 и 33 степени, пренесува „НЛ Тајмс“. На северот ќе биде значително посвежо, со температури од 22 до 24 степени, под влијание на североисточниот ветер. Метеоролозите очекуваат дека многу топлото време ќе се задржи и во наредните денови, додека по среда се прогнозира зголемена облачност, поројни дождови и можност за грмежи поради продор на постуден воздух. Во пресрет на топлотниот бран, синдикатот ЦНВ предупреди дека многу работни места во Холандија не се приспободени на сè повисоките температури. Анкетата спроведена меѓу 1.500 вработени во градежништвото, индустријата и здравството покажа дека повеќе од половина од работниците извршуваат физичка работа за време на екстремни горештини, а 56 отсто сметаат дека високите температури создаваат небезбедни услови за работа. Синдикатот соопшти дека голем број работодавци немаат планови за работа при екстремни температури и ги повика…
Povezane vijesti

Холандија се подготвува за нов топлотен бран

Evropu prži toplotni talas: Rekordne temperature pogodile i Holandiju, na snazi upozorenja najvišeg stepena
