Вечерва фотографска изложба „Света Софија – Светлината на тишината“, утре мултимедијален перформанс „Тело од оган“ на Скопско лето

Вечерва со почеток во 20:30 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан ќе се отвори фотографска изложба насловена „Света Софија – Светлината на тишината“ на светско познатите Изет Керибар и Мехмед Озџај. Овој настан се реализира во соработка со Турскиот културен центар во Скопје „Јунус Емре“. Фотографската изложба „Света Софија – Светлината на тишината“ од светски познатите фотографи Изет Керибар и Мехмет Озџај се среќава со љубителите на уметноста. Света Софија, како уметничко дело, плени не само со својата архитектура и историска вредност, туку и со својот внатрешен мир и безвременска естетика. Утре вечер, со почеток во 20:30 часот на Факултетот за ликовни уметности – Сули ан ќе се одржи мултимедијален перформанс под наслов „Тело од оган“ на Игор Јосифов. Музичка придружба на настанот ќе биде ди-џеј Џејмс Худини од САД.
Povezane vijesti

ДУИ ја напуштија седницата на тетовскиот совет, откако ВРЕДИ и ВМРО-ДПМНЕ не дозволија имињата на улиците да бидат прва точка на дневниот ред

Хаос пред концертот на Џеј-Зи — безбедносен инцидент го одложи настапот за повеќе од четири часа
