klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Стојановски до Лукаревска: Реконструкција на Владата е легитимен инструмент за поефикасно функционирање на институциите

Стојановски до Лукаревска: Реконструкција на Владата е легитимен инструмент за поефикасно функционирање на институциите
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·13. 07. 2026. 16:15:38

Во парламентарната демократија, реконструкција на влада е редовен демократски механизам преку кој се зајакнува капацитетот на институциите и се обезбедува нова енергија таму каде што е потребно. Затоа денешната расправа треба да биде насочена кон програмите, приоритетите и одговорноста што секој предложен министер ја презема пред граѓаните и пред ова Собрание, а не дискусија со празни демагогии,” истакна Мартин Стојановски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница. Стојановски посочи дека реконструкцијата на владата е легитимен инструмент за поефикасно функционирање на институциите, потенцирајќи дека единствениот вистински критериум се резултатите што граѓаните ќе ги почувствуваат. -Независно од различните политички ставови во оваа сала, верувам дека сите сме свесни за едно, граѓаните очекуваат работа, одговорност и резултати, затоа оваа расправа не смее да се сведе на политички флоскули, туку на сериозна дебата за тоа какви политики се потребни за Македонија и какви резултати очекуваме од секој којшто ќе преземе јавна функција, рече Стојановски и додаде: „Реконструкцијата на Владата е легитимен инструмент за поефикасно функционирање на институциите. Не е успех ниту неуспех сама по себе. Единствениот вистински критериум се резултатите што граѓаните ќе ги почувствуваат во своето секојдневие.”

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti