klik.world
Kultura Sjeverna Makedonija

Вечер на трационална музика и танц од Казахстан во Паркот на Франкофонијата

Вечер на трационална музика и танц од Казахстан во Паркот на Франкофонијата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·17. 07. 2026. 11:24:00

Во рамките на 47. издание на фестивалот „Скопско лето“, а во соработка и организација на Амбасадата на Република Казахстан, во Паркот на франкофонијата на 17 јули, во 20.30 часот, ќе се одржи настан „Звуците на Големата Степа”. Настанот претставува уникатна вечер посветена на богатото културно наследство на Казахстан преку настапите на етногрупата „Тарланс“ и кореографскиот ансамбл „Ајала“. Публиката ќе има можност да ужива во автентичните звуци на традиционалните казахстански инструменти, современите етноаранжмани и впечатливите кореографии инспирирани од духот на Големата Степа. Настанот претставува спој на музика, танц и традиција што ја доближува казахстанската култура до македонската публика. Влезот е слободен.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti