klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Савески: Одлуката за жалба за „Талир 2“ ќе биде донесена по анализа на пресудата

Савески: Одлуката за жалба за „Талир 2“ ќе биде донесена по анализа на пресудата
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Ивона Петрова·17. 07. 2026. 11:39:39

Јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда во предметот „Талир 2“ откога ќе ја добие и анализира писмено изработената пресуда и нејзиното образложение - изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески. Одговарајќи на новинарско прашање дали Обвинителството ќе поднесе жалба, Савески рече дека како и во секој друг предмет, најнапред ќе биде разгледано целокупното образложение на судската одлука. - Не можам да ви одговорам сега бидејќи, како и во секој предмет, така и во овој, ќе се чека писмената верзија на пресудата. Целото образложение ќе се анализира и тогаш ќе се донесе одлука дали судот го убедил Обвинителството со својата одлука и образложение или не - истакна државниот јевен обвинител. На забелешката дека Обвинителството вообичаено најавува жалба по ослободителни пресуди и дека дел од аргументите можеле да бидат слушнати и за време на усното образложение во судницата, Савески истакна дека лично не бил присутен на изрекувањето на пресудата. Тој се осврна и на критиките од политички партии дека повлекувањето на овластувањата на обвинителката Ленче Ристоска влијаело врз исходот на предметот „Талир 2“ оценувајќи дека таквите тврдења не одговараат на фактите. Според него, овластувањата што биле повлечени се однесувале на постапување обвинители во предмети за кои не…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti