Sport Sjeverna Makedonija
Вардар одигра извонредно против Нант и го совлада убедливо

Kurir.mk·Бошко Тасиќ·22. 10. 2026. 05:17:45
Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 ја забележа првата победа во Лигата на шампионите! Нашиот претставник дојде до висок триумф на гостувањето во кај Нант со 33-27)во меч кој немаше резултатско значење за црвено-црните, додека Нант го стави во проблем во битката за нокаут-фазата. По четирите порази во првите четири кола Вардар сигурно оди во Лигата на Европа, но и тоа не беше пречка за тимот на Иван Чупиќ да го надигра ривалот. Мотивацијата не фалеше, цел меч Вардар беше доминантен и заслужено се радуваше на победата. Леон Љевар имаше одличен меч со седум гола, пред Јака Малус со шест гола, додека Урош Митровиќ погоди пет пати. Голманот Милош Валах заврши со 16 одбрани. Кај Нант, по четири гола имаа Ихор Турченко и Лука Периќ.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


