klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Чупиќ: Чекавме совршен натпревар

Чупиќ: Чекавме совршен натпревар
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·22. 10. 2026. 05:34:26

Македонскиот ракометен шампион Вардар ја забележа првата победа во оваа сезона од ракометната Лига на шампионите, откако на гостувањето во Франција го совлада Нант со убедливи 33-27 во петтото коло. Во дуелот на старите познаници, македонскиот првак одигра одличен натпревар и заслужено се радуваше на големиот триумф. „Секогаш е тешко да се игра во Нант. Имавме четири тешки натпревари што ги загубивме во последните минути, со еден или два гола разлика. Чекавме еден совршен натпревар и два бода кои би можеле да ги прославиме. Беше важно да покажеме дека сме подобри отколку на претходните натпревари“, рече Хрватот на клупата на Вардар 1961, Иван Чупиќ. Следната среда вардарци го пречекуваат Мелсунген во последниот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti