klik.world
Politika Sjeverna Makedonija

Унапредување на соработката во делот на трговската размена и стратешки сектори за двете држави, во фокусот на посетата на делегацијата на македонското Собрание на Израел

Унапредување на соработката во делот на трговската размена и стратешки сектори за двете држави, во фокусот на посетата на делегацијата на македонското Собрание на Израел
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Слаѓана Бојановска·19. 10. 2026. 12:00:49

Делегација на пратениците од Собранието во периодот од 11 до 16 октомври престојуваше во посета на Израел, на покана на Министерството за надворешни работи на Државата Израел. Делегацијата ја предводела пратеничката Рашела Мизрахи, претседателка на Групата за соработка, а во нејзиниот состав биле пратениците: Беким Ќоку, Бобан Карапејовски, Зоранчо Јованчев, Илир Хасани, Јован Јаулески, Катерина Димитровска, Малиша Станковиќ, Мартин Стојановски, Моника Зајкова, Петар Марков, Славјанка Петровска и Тони Јаревски. Како што информираат од собраниската прес-служба, програмата почнала со средба на Делегацијата со претставници во Кнесетот. На средбата е истакната континуираната билатерална соработка помеѓу двете држави. Дополнително е разговарано за понатамошен развој на соработката во делот на трговската размена и продлабочување на соработката во стратешки сектори за двете држави, особено во областа на здравството, земјоделството, безбедноста, претприемништвото, културната размена и туризмот. Делегацијата го посетила и Врховниот суд на Израел каде поблиску се запознал со работата на Судот. Делегацијата ја продолжила својата посета во Клиничката болница Хадаса и Хадасит - Иновацискиот центар за медицина каде се запозналр со работата на медицинскиот центар и посебниот модел кој овозможува развој и иновација во медицински помагала и техники. Во Светскиот центар за сеќавање на холокаустот, Јад Вашем, делегацијата учествувала во церемонијата на полагање на венец…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti