УЈП: Во првата половина од 2026 година наплатени 2,27 милијарди евра даноци и придонеси

Наплатата на даноци и придонеси во првата половина од 2026 година достигна исклучителни 2 милијарди и 271 милиони евра, што е за 231,8 милиони евра повеќе од истиот период лани и претставува уште една потврда за забрзаното темпо на раст на јавните приходи, соопшти Управата за јавни приходи (УЈП). Според податоците на УЈП, даночните приходи бележат раст од 14,9 проценти, додека приходите од социјални придонеси се повисоки за 7,6 проценти. Особено се издвојува јуни, кога е регистриран раст од 41,6 проценти кај даночните приходи и 12 проценти кај приходите од придонеси во однос на истиот месец лани. -Овие резултати претставуваат потврда за стабилната наплата на јавните приходи, зајакнатата доброволна усогласеност на даночните обврзници и позитивните економски движења. Стабилната наплата на приходите е еден од клучните предуслови за стабилни јавни финансии, навремено сервисирање на буџетските обврски и обезбедување средства за здравство, образование, социјална заштита, инфраструктура и останатите јавни услуги, велат од УЈП. По основ на данок на добивка во првото полугодие се наплатени 224,5 милиони евра, што е раст од 14,5 проценти на годишно ниво. Од УЈП оценуваат дека ваквите резултати произлегуваат од подобрените финансиски резултати на компаниите и зголемената економска активност. Од УЈП посочуваат дека истовремено значителен раст е забележан…


