Стабилна наплатата на даноците и придонесите

Кај данокот на добивка во првата половина од годинава Управата за јавни приходи (УЈП) бележи раст на приходите за 14,5 отсто во споредба со истиот период лани. Кај данокот на личен доход остварената наплата е 11,7 отсто повисока, а кај данокот на добивка во април била постигната највисоката месечна наплата споредено со изминатите пет години наназад, рече денеска директорката на УЈП, Елена Петрова. Според Петрова, наплатата кај ДДВ во оваа прва половина од годината е 16,4 проценти повисока. Зголемување бележи и наплатата на придонесите, за 7,6 отсто во однос на истиот период лани. Наплатата, оцени Петрова, тече стабилно, поради што е стабилно и обезбедувањето на средствата за финансирање на јавните потреби на државата. - Растот кај данокот на добивка беше континуиран во секој месец од годината и се бележи кај сите компоненти. Растот кај данокот по годишни даночни биланси и месечните аконтации се должи на остварените финансиски резултати, односно повисоките добивки кај компаниите, добивките од работењето во 2025 година, што генерираше повисока даночна основица за плаќање на годишниот данок за 2025 и за аконтативно плаќање на данокот за 2026 година. Но, освен кај овие компоненти, исто така висок и значителен раст имаме и кај приходите од задржаниот данок и од…
Povezane vijesti

УЈП: Во првата половина од 2026 година наплатени 2,27 милијарди евра даноци и придонеси

УЈП: Во првата половина од 2026 година наплатени 2,27 милијарди евра даноци и придонеси
