klik.world
Društvo Sjeverna Makedonija

УЈП во Маврово со порака: „Фер туризам започнува со пријавен доход“

УЈП во Маврово со порака: „Фер туризам започнува со пријавен доход“
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Валентина Стојановска·19. 10. 2026. 14:37:09

Управата за јавни приходи продолжува со активностите за даночна информираност и поддршка на туристичкиот сектор преку кампањата „Фер туризам започнува со пријавен доход“. Во рамки на кампањата, на ден 19.10.2026 година во Маврово се одржа информативно-работна средба со туристички работници, угостители, физички лица кои краткорочно издаваат сместувачки капацитети, вклучително и преку дигитални платформи, како и други лица кои вршат дејности поврзани со туризмот. Средбата, реализирана во соработка со Општина Маврово и Ростуше, беше посветена на презентација на даночните обврски и практични прашања поврзани со пријавувањето и оданочувањето на доходот од краткорочно издавање сместувачки капацитети, ангажирањето сезонски работници и исполнувањето на даночните обврски во туристичкиот сектор. На почетокот, стручните лица од УЈП ја истакнаа важноста од навремено информирање, директна комуникација и поддршка на даночните обврзници. Посочија дека навременото исполнување на даночните обврски придонесува за еднакви услови за сите, поголема доверба и фер и конкурентен туристички сектор. Претставниците на Општина Маврово и Ростуше ја истакнаа важноста од континуираната соработка меѓу локалната самоуправа, институциите и туристичкиот сектор, како основа за унапредување на туристичката понуда и поттикнување на локалниот економски развој. Претставниците на УЈП ги информираа присутните за обврските за пријавување и оданочување на доходот од краткорочно издавање соби, апартмани, станови, куќи, вили и…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti