klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

УХМР од утре најавува пороен дожд, грмежи и локално невреме

УХМР од утре најавува пороен дожд, грмежи и локално невреме
Foto: Sitel
Sitel·nenad.boskovski·29. 06. 2026. 10:13:14

Од утре попладне до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно наместа со повремен дожд и грмежи особено во попладневните часови и во текот на ноќта. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер со брзина од над 60 километри на час и појава на град. Од среда температурите ќе бидат во опаѓање, особено за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер, информира Управата за хидрометеоролоши работи (УХМР). Во Скопје, како што велат, од утре кон крајот на денот и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. МИА

Izvor: Sitel. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti