Svijet Sjeverna Makedonija
Училишен прибор и ранец за секое прваче во Карпош

Kurir.mk·Ивона Петрова·05. 08. 2026. 09:33:29
Општина Карпош ќе ги пречека најмладите ученици со ранче и основен училишен прибор, за секое дете кое за првпат ќе седне во училишните клупи, соопштија од Општината. За оваа намена, согласно годишната програма на Одделението за образование, од Буџетот на Општина Карпош се издвоени 1.000.000 денари. По повод почетокот на новата учебна година, градоначалникот Сотир Лукровски ќе ги посети основните училишта и лично ќе им ги врачи ранчињата и училишниот прибор на првоодделенците. -Со оваа мерка, Општина Карпош им посакува топло добредојде и успешен почеток на најмладите ученици, а воедно обезбедува и поддршка за семејствата во пресрет на новата учебна година, додаваат од Општина Карпош.
Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.


