„УЧАМ – ПОЛАГАМ – ВОЗАМ“ – Едукативна кампања за идните млади возачи

Безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност на сите учесници во сообраќајот, но особено значење има едукацијата на младите кои за првпат се подготвуваат да станат активни возачи. Во Македонија, и покрај континуираните активности за унапредување на безбедноста на патиштата, сообраќајните незгоди и понатаму претставуваат сериозен општествен предизвик. Според податоците со кои располага РСБСП, во 2025 година на патиштата во државата животот го загубиле 132 лица. Во 2024 година, бројот на загинати изнесува 142 лица. Посебно внимание заслужува категоријата млади и возачи почетници. Недостатокот на возачко искуство, недоволната проценка на ризикот, преценувањето на сопствените способности, брзото возење, управувањето под дејство на алкохол, користењето мобилен телефон и другите форми на расеано возење се меѓу ризичните однесувања кои можат да имаат сериозни последици. РСБСП укажува дека ризикот од предизвикување сообраќајна незгода е особено висок во првата година по стекнувањето на возачката дозвола. Дополнително, податоците од сообраќајните контроли укажуваат на потребата од континуирана превенција и едукација. Само текот на 2025 година, МВР санкционирало 26739 возачи кои учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Токму затоа, превенцијата и навремената едукација на младите се од особено значење. Знаењето на сообраќајните правила не треба да биде само услов за успешно полагање на возачкиот испит, туку основа за создавање…


