klik.world
Zdravlje Sjeverna Makedonija

Митева: Во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка, преку конкретна иницијатива на Унијата на жени до подостапна грижа за пациентките

Митева: Во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка, преку конкретна иницијатива на Унијата на жени до подостапна грижа за пациентките
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Тале Кристо·14. 10. 2026. 19:48:53

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, по повод Розовиот октомври – месец посветен на подигнување на свеста за борбата против ракот на дојката, организираше панел-дискусија под мотото „Сплотено дејствуваме за една победа повеќе“, свое обраќање имаше Марија Митева, претседателка на УЖ и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Митева информираше дека во Клиничката болница Штип е воспоставен мултидисциплинарен кабинет за дојка. Таа додаде дека иницијативата произлегла од страна на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, потенцирајќи дека целта била да се обезбеди побрза, покоординирана и подостапна грижа за жените од Штип и целиот источен регион. -Токму затоа денешниот ден во Штип има посебно значење за нас. Утрово во Клиничката болница во Штип беше воспоставен мултидисциплинарен тим односно кабинет за пациентките со рак на дојка, иницијатива која произлезе од Унијата на жени и која се роди од едно едноставно прашање: ако веќе постојат инфраструктурата, стручните луѓе и медицинските капацитети, можеме ли подобро да ги поврземе за жената да добие побрза, покоординирана и подостапна грижа? Одговорот беше едноставно – можеме. И токму тука сакам јавно да ја изразам благодарноста до министерот за здравство Сашо Клековски и до целиот тим на Министерството за здравство, изјави Митева и додаде: „Кога ја соопштивме идејата, немаше непотребно одлагање и бирократско префрлање…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti