klik.world
Sport Sjeverna Makedonija

Три нови имиња во редовите на РК Алкалоид за наредната сезона

Три нови имиња во редовите на РК Алкалоид за наредната сезона
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Бошко Тасиќ·22. 07. 2026. 18:01:05

Официјално од наредната сезона во РК Алкалоид ќе бидат Словенците Матиц Сухолежник и Нејц Цехте, како и Црногорецот Вуко Борозан. Матиц Сухолежник е 31 годишен пивот висок 202 сантиметри и во РК Алкалоид доаѓа од екипата на РД Слован. Во својата кариера има настапувано и за екипите на РК Целје, Данкерк и Саран од Франција, Бенфика од Португалија и за хрватскиот првак РК Загреб. Нејц Цехте (33) е десен бек кој минатата сезона ја заврши кај финалистот на Лигата на шампионите, екипата на Фуксе Берлин од Германија. Претходно има настапувано и за екипите на Кршко и Горење Велење, за германскиот Хановер, данската екипа ГОГ и за РК Еурофарм Пелистер. Црногорскиот лев бек Вуко Борозан (32) е ракометар кој има настапувано за повеќе екипи од во Европа, Блискиот исток и Македонија. Висок е 203 сантиметри.

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti