klik.world
Svijet Sjeverna Makedonija

Трамп: САД и Иран постигнаа договор вчера, Техеран го прекрши со нов напад

Трамп: САД и Иран постигнаа договор вчера, Техеран го прекрши со нов напад
Foto: Kurir.mk
Kurir.mk·Максим Крстески·12. 07. 2026. 17:27:46

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор вчера, но дека Техеран го прекршил само еден час подоцна кога со дрон нападнал еден брод. Говорејќи за телевизијата Ен-Би-Си, Трамп рече дека Иран се согласил на договор со кој, како што наведе, „се откажал од сè“. - Имавме состаноци со нив … Вчера се согласија на договор – совршен договор за нас. Без нуклеарна програма, без ова, без она, без ништо. Се откажаа од сè. А потоа ја напуштија просторијата и само еден час подоцна лансираа дрон кон еден брод – рече Трамп. Тој наведе дека САД потоа „жестоко го бомбардирале“ Иран во текот на претходната ноќ. - Тоа се многу зли и болни луѓе – рече американскиот претседател. Трамп изјави и дека Ормуската Теснина е отворена за комерцијален поморски сообраќај, и покрај продолжувањето на меѓусебните напади меѓу САД и Иран. И Централната команда на САД (Центком) денеска соопшти дека Ормуската Теснина е отворена за сите пловни објекти кои сакаат легално да поминат низ тој меѓународен воден пат. Во соопштението, објавено на Х се наведува дека американските сили се позиционирани и подготвени да осигураат пловидбата низ Ормуската Теснина и понатаму да остане слободна и покрај…

Izvor: Kurir.mk. Sva autorska prava pripadaju izvornom mediju. KLIK je agregator vijesti.

Povezane vijesti